Алијанса го добива УЈП, а директорката Лукаревска ќе стане министерка

February 10, 2023
1 min read

СДСМ ѝ го отстапува на Алијанса за Албанците (АА) директорското место во Управата за јавни приходи (УЈП), а повеќегодишната директорка, воедно и заменик претседател на СДСМ, Сања Лукаревска ќе стане министерка за животна средина, дознава МКД.Мк.

Според пишувањето, АА ги добива министерствата за правда и за здравство, но и Министерството за информатичко општество доколку Алтернатива реши да ја напушти Владата, а доколку остане партијата на Африм Гаши, тогаш на АА ќе ѝ биде дадено едно вицепремиерско место, тоа за економски прашања.

Во функциите кои се дел од „пазарот“ се споменува и МЕПСО кое ќе биде раководено од Алијанса, што е уште една атрактивна функција за сопартијците на Арбен Таравари.

Директор на МЕПСО во моментот е Орхан Муртезани, висок функционер на Алтернатива и одговорен за односите со новинарите во партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Швајцарија не дозволува извоз на топови во Украина

Следно

Брнабиќ: Основен услов за влез на Србија во ЕУ е да воведе санкции против Русија

Latest from Blog

Министерство за култура : Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

Министерството за култура и туризам денеска соопшти дека исплатата на платите за вработените во институциите од областа на културата во координација со Министерството за финансии е во тек и ќе заврши денеска.

Ердоган: Туркије има капацитет за организирање на сите меѓународни спортски настани

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије има повеќе од доволно капацитет за организирање на сите видови меѓународни спортски настани, вклучително и Олимпијадата, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Ердоган имаше обраќање

Инзаги: Интер има погуст распоред од другите тимови, но тоа не е оправдување за поразот од Милан

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде свој коментар за поразот од Милан (0:3) во полуфиналето на Купот на Италија. – Мораме да продолжиме да одиме напред. Има и физички и психички замор,

Шојгу: Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје како одговор на агресија од Западот

МОСКВА (АА) – Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје како одговор на агресија од страна на западни земји, изјави денес секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, пренсува
Go toTop