Шојгу: Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје како одговор на агресија од Западот

April 24, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје како одговор на агресија од страна на западни земји, изјави денес секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, пренсува Анадолу.

Во интервјуто за државната новинска агенција ТАСС поранешниот министер за одбрана рече дека Москва внимателно го следи зголемувањето на военото присуство во европските земји.

„Во ноември 2024 година беа донесени измени во Основите на државната политика на Руската Федерација за нуклеарно одвраќање, со кои се потврдува дека Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија – било нуклеарна или конвенционална – кон неа или кон Република Белорусија“, објасни Шојгу.

Тој додаде дека според ажурираната Национална стратегија за безбедност, доколку странски држави преземат непријателски дејства што ги загрозуваат сувереноста или територијалниот интегритет на Русија, Москва може да одговори со симетрични или асиметрични мерки за да ги одврати тие дејства и да спречи нивно повторување.

Според него, нуклеарното одвраќање е насочено кон држави и воени сојузи што ја сметаат Русија за потенцијален противник и располагаат со оружје за масовно уништување или значајни конвенционални воени капацитети.

Овие мерки, како што нагласи, се однесуваат и на држави што ги отстапуваат својата територија и ресурси за подготовка или извршување агресија над Русија.

„Обврската за одржување на интегритетот на заедничкиот одбранбен простор на Русија и Белорусија, како и усогласеното спроведување мерки за стратегиско одвраќање, се кодифицирани во Концептот за безбедност на сојузната држава, усвоен во декември 2024 година, како и во Договорот за безбедносни гаранции меѓу Русија и Белорусија, развиен со активно учество на безбедносните совети на двете земји“, додаде тој.

Европската комисија во март ја претстави иницијативата „Повторно вооружување на Европа“, со цел значително инвестирање во одбранбените капацитети на земјите членки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопјанец пријавил измама – дал 23.000 евра за вработување на внукот!

Следно

Инзаги: Интер има погуст распоред од другите тимови, но тоа не е оправдување за поразот од Милан

Latest from Blog

Коњановски: „СИ-ДО“ три децении ја негува детската музика во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, при што порача дека фестивалот претставува значаен дел од културниот идентитет на градот и симбол на

Божиновска во интервју за Макфакс: Енергетската безбедност се гради со диверзификација и домашни капацитети

Во услови на продолжена геополитичка неизвесност, енергетската безбедност стана стратешки приоритет за сите земји. Како Северна Македонија ја приспособува својата енергетска политика на оваа нова реалност? Геополитичките случувања, без разлика дали се

ВЛЕН утре влегува во нова ера: Пет партии се спојуваат во еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН утре, на 9 Мај – Денот на Европа, ќе одржи Конгрес на обединување на кој пет политички субјекти и официјално ќе донесат одлука да настапуваат како единствен политички субјект во

Реал поведе дисциплинска: Валверде и Чуамени може да добијат и „клоца“ од Мадрид

фото: Transfer News Livе (X) Реал Мадрид ќе преземе сериозни санкции по незапаметениот инцидент на своите фудбалери Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Според информациите од Шпанија, Реал Мадрид ќе покрене дисциплинска постапка
Go toTop