Ердоган: Туркије има капацитет за организирање на сите меѓународни спортски настани

April 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије има повеќе од доволно капацитет за организирање на сите видови меѓународни спортски настани, вклучително и Олимпијадата, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Ердоган имаше обраќање на свеченото отворање на канцеларијата на УЕФА во Истанбул.

Канцеларијата на раководното тело на европскиот фудбал во Истанбул ќе игра активна улога во подготвителниот процес за Европското фудбалско првенство на УЕФА во 2032 година, на кое кодомаќини ќе бидат Туркије и Италија.

Истанбул беше домаќин на многу големи настани на УЕФА до денес, меѓу кои финалето на Лигата на шампиони на УЕФА 2005, финалето на Купот на УЕФА 2009, финалето на Суперкупот на УЕФА 2019 и финалето на Лигата на шампиони на УЕФА 2023.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инзаги: Интер има погуст распоред од другите тимови, но тоа не е оправдување за поразот од Милан

Следно

Министерство за култура : Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop