Инзаги: Интер има погуст распоред од другите тимови, но тоа не е оправдување за поразот од Милан

April 24, 2025
1 min read

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде свој коментар за поразот од Милан (0:3) во полуфиналето на Купот на Италија.

– Мораме да продолжиме да одиме напред. Има и физички и психички замор, треба да бидеме посилни од сето ова. Овој пат ни донесе многу радост, но и разочарувања, како оваа вечер. Требаше да играме подобро. Ни недостасуваше острина во двата шеснаесетник во клучните моменти од натпреварот, изјави Симоне Инзаги.

-Замор? Ова не може да биде изговор. Треба да покажеме максимална концентрација, а денес не го сторивме тоа. Секој тим се справува со замор. Имавме позафатен распоред од другите, но повторно, тоа не е оправдување. Ако не се пласиравме во финалето, тоа значи дека не сме направиле доволно. Останува уште еден месец и треба да продолжиме да работиме со доверба. Милан ја заслужи оваа победа вечерва и правилно е што е во финалето. Ќе се обидеме да се рехабилитираме и да дадеме се од себе во недела против Рома, изјави Инзаги за „Football Italia“.

Во финалето ка Купот на Италија, Милан ќе се соочи со победникот од пресметката Болоња – Емполи (3:0 прв натпревар).

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шојгу: Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје како одговор на агресија од Западот

Следно

Ердоган: Туркије има капацитет за организирање на сите меѓународни спортски настани

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop