Во Нови Сад почнува EXIT, најголемиот музички фестивал во регионот

July 10, 2024
1 min read

Од денеска до 14 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад се одржува 24-от EXIT, повеќенаграден меѓународен летен музички фестивал, каде се очекуваат над 1.000 изведувачи од регионот и целиот свет, јави дописникот на МИА од Белград.

Првиот ден од фестивалот е во знакот на роденденот на Никола Тесла, со слоганот „Заедно да ја разбудиме нашата супермоќ“, а музичката програма ќе ја предводат Бејби Лазања, и водечките уметници на новата генерација со американската поп ѕвезда Инико, Бурак Џетер, чиј специјален гостин е Димас Кудаиберген, а ќе настапат и Алисон Вондерленд и Теја Дора.

На МТС Денс Арена ќе настапат Карл Кокс, Бонобо, Блек Кофи, Мацео Плекс, како и предводниците на техно и хаус сцената на новата генерација, I Hate Models, Klangkuenstler, Patrick Mason, Franky Wah, Barry Can’t Swim, Sama’ Abdulhadi.
Пред музичарите да засвират на Петроварадинската тврдина, фестивалот ќе биде отворен и на Штранд од 15 часот со настап на холандскиот диџеј Вин Хоф. Со тоа забавата ќе започне малку порано за камперите, кои од вчера престојуваат на Штранд.

Во Нови Сад пополнети се сите туристички и хотелски капацитети,а на најпопуларната плажа во Нови Сад на Дунав веќе се поставени околу 70 шатори каде престојуваат посетители од целиот свет, но и домашни туристи и гости од околните земји.

-Бев пред неколку години, а сега дојдов со мојот дечко да му покажам како изгледа Нови Сад, но и Егзит, изјави за новосадски Дневник Ева од Прилеп, која со Матеј се надеваат на добра забава и кои веднаш по пристигнувањето се упатија кон кампот на Штранд.

Фестивалот Exit се одржува до 14 јули со настап на изведувачи како Black Eyed Peas, диџеј Карл Кокс, гитаристот Том Морел и многу други.

Организаторите очекуваат да биде соборен рекордот од 200.000 посетители.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ди Марија: Време е, финалето на Копа Америка ќе биде мојот последен меч за Аргентина

Следно

Солени мини крофни без брашно: Идеален рецепт за домаќинки почетници – ќе ги сака целото семејство!

Latest from Blog

ФФМ со најстроги казни по инцидентот во Слупчане

Фудбалската федерација на Македонија изрече доживотна суспензија за двајца фудбалери на ФК Беса Слупчане, поради физички напад врз противнички играч по завршување на натпреварот со ФК Аеродром во рамки на 8. коло

Општина Битола продолжува со поставување фотоволтаици во училиштата

До крајот на учебната година, три нови основни училишта во Битола ќе добијат фотоволтаични системи, соопшти Општина Битола. Ова е дел од продолжените активности на локалната самоуправа за зголемување на енергетската ефикасност

Германската полиција затвори сајтови за детска порнографија со 21.000 видеа

Сајтовите имале вкупно над 350.000 регистрирани корисници, од кои повеќето ги клиповите ги гледале бесплатно, пренесе ДПА. Сепак, некои корисници плаќале 0,001 Биткоин (моментално околу 113 долари) за месечна претплата што им
Go toTop