Турскиот претседател Ердоган разговараше со азербејџанскиот и пакистанскиот лидер во Астана

July 4, 2024
1 min read

АСТАНА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се состана со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во главниот град на Казахстан, Астана, каде што отпатува на самитот на Шангајската организација за соработка, јавува Анадолу.

За време на трилатералниот состанок зад затворени врати, лидерите разговараа за регионалните и глобалните прашања, како и за подрачјата на соработка на земјите.

Ердоган на средбата рече дека постојат многу заеднички чекори кои Туркије, Азербејџан и Пакистан можат да ги преземат на различни полиња и дека тие би биле од корист за сите три земји.

Турскиот лидер истакна дека во регион оптоварен со војни, конфликти и тензии, иницијативите за соработка ќе придонесат и за регионалниот и за глобалниот мир.

На состанокот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, министерот за трговија Омер Болат и главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, амбасадорот Акиф Чагатај Килич.

Ердоган вчера пристигна во Астана за да присуствува на дводневниот 24-ти состанок на шефовите на држави на Шангајската организација за соработка.

Организацијата е основана во 2001 година со Русија, Кина и централноазиските сили, а подоцна ги вклучи Индија, Иран и Пакистан.

Се очекува дека ќе се прошири бидејќи Белорусија, која има статус на набљудувач заедно со Монголија и Авганистан, размислува да се приклучи како полноправна членка. Дури 14 земји, вклучително и Туркије, имаат статус на партнери во дијалогот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиени 12 цивили, 20 повредени во гранатирање на пазар во Судан

Следно

Французите протестираа против десницата

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop