Убиени 12 цивили, 20 повредени во гранатирање на пазар во Судан

July 4, 2024
1 min read

КАРТУМ (АА) – Најмалку 12 лица загинаа, а 20 се повредени вчера при артилериско гранатирање на сточен пазар во Ел Фашер, главниот град на државата Северен Дарфур во западен Судан, известува Анадолу.

„Во артилериското гранатирање на сточниот пазар во градот Ел Фашер загинаа 12 цивили, а 20 се повредени“, се вели во соопштението на Координацијата на Комитетот за отпор.

Претходно, Координацијата на Комитетот за отпор објави дека Ел Фашер бил изложен на силен напад со тешка артилерија од страна на паравоените Сили за брза поддршка (RSF).

РСФ не ги коментираа овие тврдења.

Конфликтот во Судан избувна во април 2023 година меѓу армискиот генерал Абдел Фатах ал-Бурхан и командантот на РСФ, Мохамед Хамдан Дагал, поради несогласување околу интеграцијата на паравоената група во државната Армија.

Според Обединетите нации (ОН), во конфликтот досега животот го загубиле речиси 16.000 луѓе, а милиони се раселени, при што е предизвикана голема хуманитарна криза во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Земјотрес ја стресе Грција- регистриран е на овој остров

Следно

Турскиот претседател Ердоган разговараше со азербејџанскиот и пакистанскиот лидер во Астана

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop