Французите протестираа против десницата

July 4, 2024
1 min read

Илјадници луѓе се собраа синоќа во Париз на повик на бројни медиуми, синдикати и здруженија да повикаат на гласање против екстремната десница на вториот круг од парламентарните избори што се одржува в недела.

– Да се бара некои од нас да гласаат за политички противник на 7 јули е тежок чин, но неопходен ако сакаме да ја спасиме нашата способност за заеднички живот, истакнаа организаторите на протестите во Париз, повикувајќи се на сите изборни единици во кои некои кандидати се повлекоа со цел да го зајакнат противникот на Националниот собир (РН, крајна десница) и да ја спречат екстремната десница да победи на изборите.

– Кога екстремната десница е на власт, таа не ја враќа лесно власта, таа обезбедува дестабилизирање на владеењето на правото, луѓето на власт да ги уништуваат јавните слободи, рече на бината еден од првите говорници, историчарот Патрик Бушерон.

– Секако, одговорноста на левицата е огромна. Што направи левицата за да ги изгуби сите овие градови и села што требаше да ги освои, да инвестира во нив, да ги трансформира? Се разбира, утре ќе треба да биде поамбициозна, на данокот на богатството, на зголемување на платите, на оданочување на мултинационалните компании, оцени од своја страна економистката Џулија Кејџ.

– Мораме да го убедиме секој гласач дека не смееме да ѝ се предадеме на омразата и оти апстиненција не е опција, изјави за новинарите Доминик Сопо, претседател на SOS Racisme.

Во Авињон, каде што се одржува еден од најважните театарски фестивали во светот, неколку стотици луѓе исто така маршираа против РН.

– Заканите за нашите сектори се големи, нагласи Гислаин Готје, генерален секретар на синдикатот CGT Spectacle.

Екстремно десничарската партија Национален собир (РН) нема да освои мнозинство во францускиот парламент по вториот круг од парламентарните избори в недела, покажаа резултатите од анкетата на Харис интерактив.

Анкетата покажа дека партијата Национален собир и нејзините сојузници ќе добијат од 190 до 220 места. Тоа е многу помалку од потребните 289 места за мнозинство.

Повеќе од 200 кандидати од целиот политички спектар се согласија да се повлечат од трката за локалните избори за да му направат пат на кандидатот кој најверојатно ќе го победи кандидатот за РН во нивната изборна единица.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турскиот претседател Ердоган разговараше со азербејџанскиот и пакистанскиот лидер во Астана

Следно

Трајановска во СТУДИО 10: Зголемувањето на користењето на пробацијата ќе ја намали пренатрупаноста во затворите

Latest from Blog

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит
Go toTop