ЗБИРКА СО НОВИ БАЈКИ ОД МАКЕДОНИЈА ОБЈАВЕНА ОД ДВИЖЕЊЕТО „БРАВО СИНЕ!“ И „АРС ЛАМИНА“

May 13, 2024
1 min read

Дваесет и четири современи авторски бајки се објавени во книгата за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ „Браво сине!“. Збирката, која беше промовирана денеска, ја уреди писателката Оливера Ќорвезироска, уредничка во „Арс Ламина“, а илустрациите се на Орце Нинески.

„Покажавме дека имаме голем и свеж креативен капацитет кај младите кои бараат шанса да ги покажат своите потенцијали. Многу сме горди што успеавме да создадеме платформа што овозможи тие да се изразат креативно, а како резултат на тоа се создадоа нови дела што станаа за кратко време едни од најпродаваните и најнаградуваните книги од Македонија“, рече Ангелка Пеева-Лауренчиќ, членка на Управниот одбор на „Браво сине!“.

Според Бранка Бугариска, директорка за издаваштво на „Арс Ламина“, вистински предизвик е во време на дигитализација да се создаде книга книга што и со својата содржина и со својот изглед ќе биде допадлива за читателите.

„Браво сине!“, во партнерство со „Арс Ламина“, реализираше значајни проекти, како  „Бајки од Македонијa“, „Басни од Македонија“, „Бајки од Македонија за цела година“, „Мистериозното јајце“, „Современи бајки од Македонија“ и збирката „Детелинки-белинки“.  Досега, на јавните конкурси на Движењето „Браво сине!“ се пријавиле над сто талентирани дизајнери-илустратори од земјава, а 313 автори доставиле 442 текста за новите едиции на „Современи бајки од Македонија“.

Вкупно се издадени 80 бајки од Македонија, како и четири басни од Македонија.

Едицијата „Бајки од Македонија за цела година“ е вброена помеѓу 200 најдобри книги за деца и млади во светот што се дел од годишното издание на најпрестижниот каталог на литература за деца и младинци во светот – „Вајт рејвенс“ (The White Ravens), кој е дел од најголемите светски саеми за книги што се одржуваат во Франкфурт и во Болоња. Дел од книгите во споменатите едиции се преведени на седум јазици и на Брајовата азбука, а добитници се и на светски награди и признанија.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џастин Трудо создава терен за ужасна дистопија

Следно

Алегри ја напушта клупата на Јувентус

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop