Џастин Трудо создава терен за ужасна дистопија

May 13, 2024
2 mins read

Кога во февруари канадскиот премиер ја најави намерата неговата влада да донесе закон за „Онлајн штета“, канадските медиуми тоа го опишуваа како „закон за заштита на децата“ што ќе ја запре „експлоатацијата на децата“. Трудо отсечно ги отфрли критиките дека законот може да има поширок фокус.

„Со нетрпение очекувам да го поднесам тој предлог-закон за онлајн штети, за кој луѓето ќе видат дека е многу, многу конкретно фокусиран на заштита на децата, а не на цензурирање на интернет“, пресече прогресивниот премиер. 

Кога пак беше претставен нацрт законот, „конструктивните“ медиуми го пречекаа небаре стигнува пеницилин.

Несогласувања имаше малку. Што може да биде погрешно со зголемување на безбедноста на децата или „заштита на ранливите“?

А потоа луѓето го прочитаа законот.

Неговиот опсег не се ниту само децата, ниту само слободата на говорот. Тој го презамислува целото општеството третирајќи го како  задолжителен проект на социјален инженинг, воведувајќи нови трансформативни практики кои:

– Ги вклучуваат канадските граѓани во амбициозен систем за социјално следење, со награди до 20.000 долари за анонимни „информатори“ кои ќе пријават „однесување со омраза“, при што виновниците ќе платат казни до 50.000 долари, создавајќи самофинансиран национален систем за шпионирање;

– Воведуваат вонредни кривични казни, вклучително и доживотен затвор не само за постојните злосторства како „заговарање геноцид“, туку за секој „престап мотивиран од омраза“: во теорија и фрлање ѓубре може да биде такво ако е извршено со намера за омраза;

–  Казнуваат „пред-криминал“ случаи како во филмот „Малцински извештај “. Ако доушникот го убеди судијата дека „ЌЕ извршите“ дело од омраза, може да бидете затворени до една година, да бидете во домашен притвор, да ви биде одземено огнено оружје или да бидете принудени на тестирање за дрога/алкохол – сè за работи што НЕ СТЕ ГИ НАПРАВИЛЕ.

– Казнуваат изјави од минатото. Законот ја заобиколува правно недозволивата „ретроактивност“ во казнување така што ја дефинира како „континуирана комуникација“ на омраза. Со други зборови, кривично дело е и ако не сте избришале сè лошо што некогаш имате кажано/ напишано. 

– Принудуваат корпоративни интернет платформи кои нема да ја отстранат „штетната содржина“ (во некои случаи во рок од 24 часа), а  казните се сатар – до 6% од  бруто глобалниот приход.

Законската креација на Трудо е франкентајновско чудовиште склепано од најлошите идеи што веќе ги имаат употребено неговите браќа по цензура (Австралија, Шкотска, Ирска…), сето тоа на стероиди.

Не им е јасно на сите како ова ќе функционира во пракса но повеќето се сигурни дека доколку законот биде усвоен, ќе претставува сериозен пресврт кој задира во самиот концепт на индивидуалните права, отфрлајќи ги идеите како презумпција на невиност и правото да се соочиме со оној кој нè обвинува.

„Џастин Трудо е подготвен да ја ребрендира Канада и да ја замени нејзината репутација за солидарност, братство и великодушност со ригидност и колективна параноја“, пишува Мат Таиби. 

Тој не е сигурен дека донесувањето на законот ќе наиде не отпор каков што заслужува. За тоа говорат и некои историски паралели на кои потсетува извршен директор на канадска асоцијација на адвокати за човекови права:

„Америка е основана со бунтовништво. Канада е основана на идејата дека не сакаме да се бунтуваме. Оние луѓе од 13-те колонии кои не сакаа да се побунат, заминаа и дојдоа во Канада. Лојалистите. Ние во историјата немаме борба за слобода како што е во американската историја,“ вели Брус Парди.

Основачот на Rebel News, Езра Левант додава:

„Американците обично ја игнорираат Канада затоа што сме прилично добар комшија. Но, куќата на вашиот комшија сега е во пламен“.

 

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Правната и политичката фела поделени за судирот меѓу Уставот и Изборниот законик

Следно

ЗБИРКА СО НОВИ БАЈКИ ОД МАКЕДОНИЈА ОБЈАВЕНА ОД ДВИЖЕЊЕТО „БРАВО СИНЕ!“ И „АРС ЛАМИНА“

Latest from Blog

Огромен скандал во Србија… пораки преку Скај апликацијата за ликвидација на Немања Видиќ!!!

Ужасни вести доаѓаат од соседна Србија каде што очигледно никако да се научи лекцијата дека мафијашки ликвидации и функционирање на таков начин носи само хаос и ништо друго. Порталот „КРИК“, и меѓународната

Коњановски: Прва средба со новиот бугарски конзул во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет оствари средба со новиот генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Петар Петров. На средбата, Коњановски го запознал конзулот со личната карта на

Низ Европа се шири нова инфекција: Болест од коњи и говеда почна да се пренесува меѓу луѓето!

Здравствените експерти предупредуваат дека низ Европа се шири нова инфекција која ја промени досегашната динамика и почна да се пренесува од човек на човек, пред сè преку сексуален и близок физички контакт.

Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во

Проданоски: Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Прилеп

Во Прилеп денеска и официјално беше пуштен во употреба Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење, кој ќе обезбедува грижа, поддршка, социјализација и различни активности за повозрасните граѓани. Градоначалникот
Go toTop