Стано: Во среда нови разговори за надминување на проблемот со забраната на српскиот динар во Косово

May 13, 2024
1 min read

Дискусијата меѓу Белград и Приштина за надминување на проблемите предизвикани со одлуката на косовската Централна банка за прогласување на еврото за единствена легална валута во Косово, чиј преоден рок истече денеска, ќе продолжи и веќе за в среда во Брисел специјалниот претставник за дијалогот Мирослав Лајчак закажа нов рунда разговори на двете преговарачи делегации, најави денеска главниот портпарол на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Тие ќе ја продолжат дискусијата за изнаоѓање одржливо времено решение за луѓето кои се погодени од одлуката на косовската Централна банка. Во пресрет на оваа средба ЕУ очекува двете страни да покажат флексибилност и подготвеност за постигнување компромис, истакна Стано.

Прашан дали ако најавените разговори в среда, кои би биле седми по ред посветени на ова прашање не вродат со плод, ЕУ ќе продолжи и во иднина да организира дијалог на оваа тема, Стано изјави дека Унијата очекува дека на секоја наредна средба ќе биде постигнат договор и дека таа би била последна за тоа прашање.

– Ваквите прашања се само одвлекување на вниманието од тоа што ни е потребно. А нам ни е потребен напредок во имплементацијата на т.н. Охридски договор. Се надевам дека двете страни ќе се однесуваат во европски дух и ќе го постигнат неопходниот компромис, истакна Стано.

Сепак, според него, во овој дијалог работите не зависат од надежите и очекувањата на ЕУ, туку од подготвеноста на Белград и Приштина за изнаоѓање прифатлив компромис.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НБРМ: Задолжување од една милијарда евра не е препорачливо да се прави од друга држава

Следно

Украина: Фатена е група руски агенти кои планирале терористички напади во Киев

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop