НБРМ: Задолжување од една милијарда евра не е препорачливо да се прави од друга држава

May 13, 2024
1 min read

Народната банка ги критикува властите дека не го регулираат пазарот на прехрамбени продукти. Во светот, последиците од пандемијата и војната на исток се минимизирани, а ние и понатаму имаме околу 48% повисоки цени отколку пред пандемијата. Оваа состојба ги осиромашува граѓаните.

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), до средината на 2022 година, индексот на цените на храната постојано се намалува на глобално ниво. Според официјалните податоци на Народната банка, цените и натаму се за 18% повисоки на глобално ниво во однос на периодот пред пандемијата.

НБРМ очекува економски раст од 2.6% оваа година и 3.6% наредната година. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, рече дека просечната инфлација од првиот квартал годинава изнесува 3,4 отсто,а  за целата 2024 година се предвидува да изнесува 3,5 отсто, што е значително намалување во однос на минатата година кога изнесуваше 9,4 отсто. Но, очекувањата за раст на БДП се намалени како резултат на намалените инвестиции.

Најавата на следниот мандатар Христијан Мицкоски за задолжување од една милијарда евра не е препорачливо да се прави од друга држава, сметаат од Народната банка. Гувернерката упати порака до претседателката  на ВМРО дека јавните кредити треба да се добиваат од меѓународните финансиски институции, каде што се побезбедни и со пониски каматни стапки. Минатата година јавниот долг изнесуваше 62% од БДП.

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири сигурни знаци кои покажуваат дека сте родени еден за друг со вашиот партнер

Следно

Стано: Во среда нови разговори за надминување на проблемот со забраната на српскиот динар во Косово

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop