Ердоган: Нападот на Израел врз Палестинците кои чекаат помош во храна е неприфатлив

March 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Неодамнешниот напад на Израел врз Палестинците кои чекаат помош во храна во Газа е „неприфатлив“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес за време на средбата со Гурбангули Бердимухамедов, претседател на Народниот совет на Туркменистан, јавува Анадолу.

„Ердоган на состанокот наведе дека нападот на Израел врз цивилите што чекаат помош во храна е неприфатлив и истакна дека Туркије и Туркменистан би можеле да соработуваат за да ја зголемат хуманитарната помош за регионот“, соопшти Директоратот за комуникации при турското претседателство на социјалната мрежа X.

Најмалку 112 Палестинци загинаа, а 760 се повредени кога израелските сили вчера гранатираа толпа што чекаше хуманитарна помош јужно од градот Газа, соопшти Министерството за здравство во енклавата.

Дирекцијата истакна дека Ердоган и Бердимухамедов, кој престојува во Туркије на Дипломатскиот форум во Анталија, одржале состанок на маргините на форумот.

„За време на состанокот се разговараше за билатералните односи меѓу Туркије и Туркменистан, како и за регионални и глобални прашања, вклучително и за систематските напади на Израел врз невини цивили“, се вели понатаму. Ердоган ја истакна важноста од интензивирање на напорите за преземање заеднички акции што би биле поволни за двете нации во различни домени, особено со цел да се зголеми обемот на билатералната трговија меѓу двете земји на 5 милијарди долари.

„Помеѓу Туркије и Туркменистан беа потпишани неколку договори, вклучително и Протоколот за меѓусебна соработка за развој на соработката на полето на природниот гас, изјавата за намера за соработка на полето на нафтата и природниот гас и Меморандумот за разбирање меѓу Туркменистан ерлајнс и Универзитет на Турската аеронаутичка асоцијација,“, додаваат од Дирекцијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија побара објаснување од Израел за нападот врз Палестинците кои чекаа помош

Следно

Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop