Германија побара објаснување од Израел за нападот врз Палестинците кои чекаа помош

March 1, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денес побара објаснување од Израел откако неговата војска отвори оган врз палестинските цивили во Газа, кои беа собрани да земат хуманитарна помош, јавува Анадолу.

„Луѓето сакаа да земат од помошта за себе и за своите семејства, а умреа. Шокирана сум од вестите од Газа“, истакна Баербок.

„Израелската Армија мора целосно да истражи како се случиле масовната паника и пукањето. Моите мисли се со семејствата на жртвите“, додаде таа.

Вчера (четврток), најмалку 112 Палестинци загинаа, а 760 беа повредени кога израелските сили отворија оган врз Палестинците кои чекаа пристигнување на хуманитарната помош во јужниот дел на градот Газа, соопшти Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.

Израел започна смртоносна воена офанзива во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 Израелци. Во израелските напади досега загинаа најмалку 30.035 Палестинци, а 70.457 се ранети.

Израелската Влада наметна и остра блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Грција разбиена меѓународна криминална група за убиствата на тројца Црногорци и еден Србин во 2020 година

Следно

Ердоган: Нападот на Израел врз Палестинците кои чекаат помош во храна е неприфатлив

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop