Зеленски по средбата со Вучиќ: И се заблагодарив на Србија за помошта и поддршката за Украина

February 28, 2024
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х сподели детали од средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, по самитот Украина-Југоисточна Европа, што се одржа денеска во Тирана.

Тој и се заблагодарил на Србија за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за хуманитарната помош за прием на Украинците кои ја напуштиле земјата поради војната.

– Се сретнав со претседателот Вучиќ и ѝ се заблагодарив на Србија за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и нејзината хуманитарна и финансиска помош и добредојде на Украинците кои бегаат од војната, напиша Зеленски.

Тој додаде дека ја нагласил важноста од учеството на Србија во спроведувањето на формулата за мир.

– Ја нагласив важноста од учеството на Србија во спроведувањето на формулата за мир. Ние го координиравме натамошното информирање со цел да ја прошириме глобалната поддршка за формулата. Го информирав претседателот Вучиќ за моменталната состојба на фронтот. Разговаравме и за безбедносните и политичките предизвици во Источна Европа, наведува Зеленски во објавата на платформата Х.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комплетиран составот на ДИК, Абдуш Демири избран за член на Комисијата

Следно

Карапејовски за ТВ 24: Македонија не е федерација па да коалицираат победник со победник, победникот е еден – оној кој има најмногу гласови

Latest from Blog

Муцунски ја повика опозицијата да покаже зрелост и активно да се вклучи во реформите поврзани со европската агенда

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција во Владата порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на државата и еден од клучните столбови на македонската

Сензационален трансфер на Левандовски за 90 милиони евра по сезона

Рорберт Левандовски е блиску до сензационален трансфер од Барселона откако доби понуда што го промени животот од Саудиската професионална лига. Искусниот напаѓач наводно е блиску до прифаќање на финансиски пакет што би

Тоневски: Пробиштип гордо ја негува културата и фолклорот

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на отворањето на 24-та Регионална ревија на песни, музика и игри „Пробиштип 2026“, организирана од Здружението на пензионери од Пробиштип. Тоневски истакна дека организацијата

Градски парк во фестивалски ритам: стартуваше јубилејниот Виноскоп

Првата вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп помина во пријатен фестивалски амбиент, со уникатни вкусови, средби и наздравувања на Школка во Градски парк. Фестивалот, кој годинава се одржува од 13 до

Трамп и Си разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток и Украина

 Државната новинска агенција Синхуа објави дека лидерите „размениле мислења за важни меѓународни и регионални прашања“, а војната во Украина исто така била на дневен ред.  Во текот на разговорите Кина одлучила да
Go toTop