Србија бара измени на завршната декларација од Тирана

February 28, 2024
1 min read

Во Тирана денеска се одржува првиот самит Украина – Југоисточна Европа, на кој ќе учествува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На самитот на кој треба да се усвои Декларација, Србија бара измени на завршната декларација кои се однесуваат на улогата на Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

На самитот домаќин е премиерот на Албанија Еди Рама, на чија покана на самитот присуствува и претседателот на Украина Володимир Зеленски. Се очекува да се разговара за војната во Украина и нејзините последици.

На крајот на средбата треба биде усвоена Декларацијата за самитот Украина – Југоисточна Европа, чиј текст, како што соопшти Танјуг, се уште не е договорен.

Србија, дознава Танјуг, бара од декларацијата да се отстрани барањето за воведување санкции против Руската Федерација, да се отстрани делот дека Руската Федерација има „малигно влијание“ врз земјите од регионот, во текстот да не стои „земји“, туку „Западнобалканска шесторка“- затоа што, како што беше соопштено, Србија не сака да го нарече Косово држава.

На самитот се очекува да присуствува претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателката на Молдавија Маја Санду, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи, како и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателски избори: Во трката за нова, не се „испушта“ старата функција?

Следно

Пендаровски: Поддршка за Украина слободно да го избере патот по кој ќе чекори во иднина

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop