Од воз украдени безбедносни планови за ЛОИ 2024

February 28, 2024
1 min read

Компјутер и УСБ со безбедносните планови за претстојните Летни олимписки игри во Париз се украдени од воз на станицата Гаре ди Норд и веднаш е отворена полициска истрага. Според објавите во медиумите, станува збор за голем предизик на пет месеци пред отворањето на олимпијадата.

За кражбата алармирал вработен во градското собрание на Париз, откако забележал дека ја нема неговата торба по неколку моменти од влегување во возот за Крил од станицата Гаре ди Норд во Париз, пренесува The Guardian.

Педесет и шестгодишниот инжењер пријавил во полициска станица околу 19:30 часот, пред да ја опише содржината во компјутер и УСБ-та што ја носел со себе. Во нив имало чувствителни податоци, меѓу кои и плановите за сигурност на Летните олимписки игри.

Конкретно, станува збор за безбедносни планови за Олимписките игри за градското собрание во Париз кое планира да распореди, речиси, 2.000 агенти меѓу кои и локални полицајци за време на олимпијадата од 26 јули до 11 август.

Според првичните сознанија, кражбата се случила меѓу 18:30 и 19:30 часот. Вработениот во пријавата рекол дека торбата ја ставил над седиштето во купето, пред да забележи дека ја снемало додека се подготвувал да се прекачи во друг воз.

Надлежни во истрагата се истражители од регионалната безбедност во сообраќајот, а во истрагата се користат и снимки од безбедносните камери на Гаре ди Норд. градското Собрание на Париз засега е без коментар за случајот.

Париз ќе мобилизира околу 2.000 агенти за безбедноста на Летните олимписки игри, покрај 35.000 припадници на силите за безбедност кои секој ден ќе бидат на должност за време на настанот.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија собори две беспилотни летала на Хусите над Црвеното Море

Следно

Претседателски избори: Во трката за нова, не се „испушта“ старата функција?

Latest from Blog

АфД УБЕДЛИВО ВОДИ ВО НОВАТА АНКЕТА – Крајната десница станува сè посилна во Германија

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) достигна нов максимум во потенцијалната поддршка од гласачите, според истражувањето на INSA објавено денес. Според анкетата, 35 проценти од испитаниците рекле дека можат да

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Заменикот министер за образование од коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека новото законско решение за соодветна и правична застапеност конечно ќе стави крај на

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури
Go toTop