Германија собори две беспилотни летала на Хусите над Црвеното Море

February 28, 2024
1 min read

КЕЛН (АА) – Германија собори две беспилотни летала лансирани од Хусите во Јемен, пренесува Анадолу.

Двете беспилотни летала на Хусите беа соборени доцна синоќа од германската поморска фрегата Хесен, распоредена во Црвеното Море како дел од поморската мисија на ЕУ, Аспид, за заштита на пловидбата.

Германската новинска агенција ДПА објави дека тоа е прва употреба на жива муниција од страна на германската морнарица во операцијата што започна минатата недела и се смета за „најопасна поморска мисија“ во историјата на Германските вооружени сили.

„На 27 февруари, во периодот од 21:50 до 22:55 часот (според времето во Сана), американски авион и воен брод на коалицијата соборија пет јуришни беспилотни летала на Хусите, поддржани од Иран, во Црвеното Море“, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) рано утрово.

Јеменските Хуси вршат напади врз товарни бродови што пловат по Црвеното Море и кои се во сопственост или управувани од израелски компании или вршат транспорт на стоки до и од Израел во знак на солидарност со Појасот Газа, кој е под израелски напад од 7 октомври.

Црвеното Море е еден од најчесто користените поморски патишта во светот за испорака на нафта и гориво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крвава војна во скопското подземје

Следно

Од воз украдени безбедносни планови за ЛОИ 2024

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop