Ѓорѓиевски на средба со в.д. амбасадорот на Германија

January 31, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски оствари средба со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф.

– На оваа конструктивна и пријателска средба денеска, разменивме искуства и ги дефиниравме можностите за нови сфери во кои е можна заедничката соработка. Му се заблагодарив за неодамнешната донација, преку која на дечињата кои ќе бидат згрижени во градинката ,,Симба” во Усје им обезбедивме креветчиња и душеци. Убаво е кога се има поддршка, посебно во вакви големи проекти каде од сопствени средства направивме голема инвестиција – инклузивна градинка на место каде што никогаш немало, напиша Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски порача дека со вакви потези праќаат јасна порака дека унапредувањето на условите и со тоа овозможувањето на поддршка на позитивниот развој на најмладата популација е заедничка стратешка определба.

– Се надевам, а точно тоа и го договоривме на денешната средба со в.д. амбасадорот Граф, дека проектите од ваков и сличен карактер ќе ја имаат поддршката од Сојузна Република Германија и во периодот што ни претстои. Кога веќе говориме за новата градинка во Усје, сакам да се заблагодарам и на студентите од Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот Балкански Универзитет од Скопје, кои под менторство на своите професори работеа на визуелно обликување на оваа прва инклузивна градинка на територија на градот Скопје. На овој начин, сите заедно дадовме свој придонес во обликувањето на инклузивната иднина на младите, што е најголемиот императив и мотив за сите нас, додава градоначалникот на Општина Кисела Вода.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Финската полиција нема да дозволи палење на Куранот

Следно

Кремљ ги обвини балтичките земји за „екстремно агресивен став“ за војната во Украина

Latest from Blog

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа
Go toTop