ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

August 10, 2026
1 min read
ФОТО:.facebook.com/PSG/

Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила.
Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до летото 2029 година, откако го напушти лондонскиот клуб со активирана клаузула за отпуштање. Вредноста на трансферот се проценува помеѓу 7.000.000 и 8.000.000 евра.
Дињ имаше уште две години од договорот со Астон Вила, но можноста за заминување беше предвидена во неговиот договор. Францускиот фудбалер изрази желба да се врати во Париз, каде што веќе играше од 2013 до 2016 година.


Во текот на минатата сезона беше еден од постандардните играчи на Астон Вила. Запиша 32 настапи во Премиер лигата, додека во кампањата за трофејот во Лигата на Европа одигра 11 натпревари, вклучувајќи го и финалето.
Дињ играше шест пати за француската репрезентација за време на Светското првенство, а беше и стартер во полуфиналниот натпревар што Франција го загуби од Шпанија. Тој пропушти само два натпревари во групната фаза.
Во ПСЖ, Дињ ќе има конкуренција од португалскиот репрезентативец Нуњо Мендеш, кој беше прв избор на позицијата лев бек минатата сезона.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Следно

ЦУК: Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати

Latest from Blog

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју

ЗК Пелагонија ја гради иднината на домашното млекопроизводство: Знаење, технологија и посветен тим

Земјоделскиот Kомбинат Пелагонија е водечка компанија во рамките на агробизнисот во државата и најголемиот производител на храна во земјава. Располага со 16 000 хектари земјоделско земјиште, а во склоп на комбинатот се

Реал блеска без Винисиус, Диоманде ќе го седне на клупа Бразилецот

Винисиус би можел да се соочи со сериозен проблем во Реал Мадрид. Бразилецот ја одработи првата од четирите средби суспензија против Севиља, а од трибините гледаше како неговите соиграчи убедливо победуваат и
Go toTop