Финската полиција нема да дозволи палење на Куранот

January 31, 2023
1 min read

ВАРШАВА/СТОКХОЛМ (АА) – Финската полиција соопшти дека нема да биде дозволено јавно палење на светата книга на муслиманите, Куранот, во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот полициски одбор истакна дека палењето на примерок од Куранот ќе го наруши верскиот мир, што е казниво дело во Финска, пренесоа медиумите, цитирајќи ја финската новинска агенција СТТ (STT).

На јавно палење или друго сквернавење на книга што се смета за света од верска заедница ќе биде одговорено со полициска интервенција, нагласија од полицијата.

Како одговор на прашањето на Агенција Анадолија за тоа дали ќе прифатат сличен пристап, шведското Министерство за надворешни работи го повтори својот став за палењето примерок на Куранот во име на слободата на изразување.

„Владата ги разбира оние кои се навредени од дејствија како што е палењето на свети списи“, истакна Министерството, и додаде: „Не сè што е легално е и нужно соодветно.“

Данско-шведскиот политичар Расмус Палудан, лидер на екстремно десничарската партија Страм курс (Цврста линија), во петокот пред џамија во Данска запали примерок од Куранот.

Исламофобичниот чин се случи по неколку дена откако лидерот на екстремната десница запали примерок на Куранот и пред турската Амбасада во Шведска за време на протест одобрен од полицијата.

Палудан најави и дека ќе пали по еден примерок од Куранот секој петок додека Шведска не биде вклучена во НАТО-алијансата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Жоржињо доаѓа во Арсенал од Челзи за 12 милиони фунти

Следно

Ѓорѓиевски на средба со в.д. амбасадорот на Германија

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop