„Зборливите“ деца се склони повеќе да го слушаат говорот на возрасните

February 22, 2024
1 min read

Во развојот на детето, првите четири години од животот се клучни за говорот… Но, времето кога децата учат да зборуваат е променливо – некои почнуваат порано, некои подоцна.

До 18 месеци, повеќето деца кажуваат поединечни зборови и напредуваат во изрази и реченици, но други проговоруваат многу порано. Психологот Елика Бергелсон од Универзитетот Харвард во Кембриџ, САД, со години ги истражува индивидуалните разлики поврзани со овој спектар способности – на светско ниво. Нејзиниот неодамнешен набљудувачки труд на оваа тема посочува нови сознанија.

Следејќи 1.001 дете, помали од четири години, таа и меѓународниот тим психолози сега тврдат дека нема врска меѓу тоа колку детето зборува во текот на денот и неговиот пол, социоекономски статус или изложеноста на повеќе јазици.

– Побавниот јазичен развој често им се припишува на родителите од пониско социоекономско потекло кои имаат помал придонес за нивните деца, што доведе до повик за интервенции во однесувањето насочен кон зголемување на тој придонес, нагласува Бергелсон.

Научниот труд опфатил 12 земји, 43 јазици, а користени се и снимки за пренос на глас кај деца на возраст од два месеци до четири години. Повеќе од 40.000 часа снимки се анализирани со помош на вештачкоинтелигентен алгоритам за учење. Истражувањето покажа дека децата на возраст под четири години произведуваат приближно 66 повеќе вокализации на час секоја година, што е предвидлив исход поврзан со когнитивниот развој.

Всушност, се наведува, „најзборливите“ деца се оние кои се склони повеќе да го слушаат говорот на возрасните.

Така, истражувањата посочуваат дека на секои 100 возрасни вокализации што детето ги слушнало во рок од еден час, детето произвело уште 27 вокализации. Овој ефект на „говорот на возрасните“ се зголемувал за 16 вокализации со секоја година од развојот на детето.

Овој исход е значаен бидејќи децата со абнормален говорен развој, како што е дислексијата, произведуваат 20 помалку вокализации на час во споредба со нивните врсници, со годишен јаз што се зголеми за приближно осум вокализации. Сепак, трудот се сосредоточи само на вокализациите на дневно ниво, оставајќи одредени неистражени нијанси во јазичната софистицираност под влијание на социоекономските и родовите фактори. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Кијану Ривс не бил првиот избор за „Матрикс“, овој познат актер ја одбил улогата

Следно

Талат Џафери го коментира минувањето граница со стар дипломатски пасош

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop