Нова поштенска марка по повод 60 години Уставен суд

February 15, 2024
1 min read

Марката е специјално изготвена по повод јубијелот од постоењето на Уставниот суд, испечатена е во тираж од 6 000 примероци и е со номинална вредност од 36 денари, а дизајнер е Стојанче Величковски. Покрај марката, прв пат по шест децении, Судот ќе добие и свое лого – знак што ќе се употребува на сите меморандуми и дописи кои ќе бидат испраќани од оваа институција.

– Уставниот суд денеска одбележува значаен јубилеј. Пред 60 години на овој ден почна со работа и се одржа првата седница на Уставниот суд во тогашна Социјалистичка Република Македонија. Овој јубилеј е гордост за целата држава, подолг и од самостојноста на Републиката со оглед дека Уставниот суд беше еден од 6-те уставни судови на тогашна СФРЈ. Долгата традиција на постоење на Уставниот суд е доказ дека Судот го положил тестот на времето и не потклекнал на предизвиците кои се обиделе да ги поткопаат темелите на државата, демократијата и најсуштинското, владеењето на правото. За Судот, 2024 година е симбол на уставната традиција и по тој повод преку бројни активности ќе потсетува на важноста од своето постоење, истакна претседателката на Уставниот суд Добрила Кацараска на промоцијата на марката.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Aмбасада на САД во Сараево: Додик е главна пречка на европскиот пат на БиХ

Следно

Дванаесет деца се меѓу 26 затруени со алкохол во ноќен клуб во Белград: Немаме врска (ВИДЕО)

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop