Како што објавија на својот Инстаграм профил, нивниот локал синоќа бил изнајмен за приватна прослава.

„Почитуван господине, синоќа клубот беше изнајмен за приватна прослава. Раководството на клубот нема никаква врска со синоќешните настани“, велат од клубот.

Во своето соопштение тие изразија жалење и загриженост за непосакуваните настани.

Да потсетиме, на мрежите се појави информација дека 26 лица, меѓу кои 12 деца, се хоспитализирани поради наводно труење со „шпиритус“.

На социјалните мрежи се појави драматично видео објавено на страницата Moj_Beograd кое предизвика бурни реакции кај голем број корисници на социјалните мрежи. На него може да се видат бројни полициски патроли, но и како Итната помош им помага на гостите на прославата.

Како што изјави за РТС Иван Лековиќ, доктор на Итната помош на ВМА, во ВМА биле примени дванаесет деца во тешка алкохолизирана состојба, со дури 2,8 промили алкохол во крвта. Сепак, не е потврдено дали имало труење, како што објавија мрежите.

Под споменатата снимка се тврди дека имало труење со алкохол, но од редакцијата на Телеграф не можеле да ја потврдат вистинитоста на оваа информација до моментот на објавување на текстот.