Четврта вечер на Сан Ремо пред големото финале, принцот Алберт ненајавено дојде на фестивалот

February 10, 2024
1 min read

На четвртата вечер на музичкиот фестивал Сан Ремо како специјален гостин се појави и принцот Алберт кој седеше во почесната ложа во салата Аристон. Познат како голем љубител на италијанската и француската музика, неговото појавување беше вистинско изненадување, бидејќи не беше најавено во официјалната програма.

На самиот почеток РАИ се соочи со проблем кога среде преносот додека вечерта ја најавуваа Амадеус и Фиорело, снема звук и слика. Освен тоа, на сцената за првпат се појавија и припадниците на сцепацијалната полиција заедно со кучињата трагачи кои детално ја проверија салата пред отварањето. Имено, за време на гала организирана од RadioMediaset во вилата Нобел на 5 февруари по повод отворањето на фестивалската недела, локалната полиција добила анонимен повик за поставена бомба. По деталната истрага, беше утврдено дека станува збор за лажен повик. Повеќето од учесниците биле присутни во вилата. Следниот ден, повторно анонимен повик овојпат до организаторите во салата и во телевизијата РАИ која го пренесува фестивалот, но овојпат со брза интервенција, беше откриен јавувачот. Тој признал дека се јавил двапати со закана, поради неможноста да купи карта. За да ги сними присутните  во салата и учесниците, Амадеус ги покани специјалците и нивните придружници во салата и најави дека се до завршувањето на вечерта, тие ќе бидат присути во салата и надвор од неа.

Денес беше објавено и дека е отпуштен од работа еден од водечките новинари на телевизијата РАИ поради навредлив и дискриминирачки монетар кон пејачката Биг Мама објавен на официјалниот профил на РАИ на поранешната социјална мрежа Твитер (сега Икс).

На претпоследната вечер се појавија сите 30 учесници кои пееја дуети со изведувачи кои веќе победиле или се долгогодишни учесници на фестивалот. Ги пееја најголемите хитови на фестивалот кои биле второпласирани на изминатите изданија.

На Амадеус му помагаше Лорела Кукарини која пред 30 години го водеше фестивалот заедно со тогашниот водител Пипо Баудо. Начинот на гласање останува ист како и во изминатите години, гласови од телевоутинг 34% и гласови од жирито на радиото и медиумите 33%:

Утревечер, сите 30 учесници повторно ќе ги изведат песните со кои се претставија првата вечер, по што ќе следи гласањето и ќе се избере претставникот на Италија на Песната на Евровизија во Малме, Шведска.

Беше прочитано и писмото на фамерите кои протестираат против политиките на заедницата како зелениот договор, директивата за квалитетот на воздухот или регулативата за пестициди, кои беа повлечени од Европската комисија и ниската откупна цена и нелојалната конкуренција.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разрешени се министрите Мeџити и Алиу

Следно

Сончево и топло, од утре дожд

Latest from Blog

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27

Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук
Go toTop