Сончево и топло, од утре дожд

February 10, 2024
1 min read

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието.

Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од – 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. 

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 16 степени. 

За време на викендот ќе дува засилен јужен ветер кој најизразен ќе биде долж Повардарието и во источните делови со над 60 км/час. Преку ноќта кон недела во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Повремено пообилни врнежи ќе има преку ноќта и во понеделник и ќе бидат проследени со појава на ретки грмежи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четврта вечер на Сан Ремо пред големото финале, принцот Алберт ненајавено дојде на фестивалот

Следно

Да се укине амнестијата за хашките случаи во Македонија, препорачува комесарката за човекови права на Советот на Европа

Latest from Blog

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат
Go toTop