Средба на министерот за внатрешни работи Тошковски со амбасадорот на Европската Унија Н.Е. Дејвид Гир

February 8, 2024
1 min read

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Европската Унија Н.Е. Дејвид Гир.

На средбата министерот Тошковски го запозна амбасадорот Гир за заедничкото функционирање на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада кое има за цел законито и професионално постапување во насока на организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес.

Министерот Тошковски ја истакна блокадата од страна на Владата да бидат усвоени сите 8 предлог позиции во министерството кои треба да раководат со Секторите за внатрешни работи низ државата и наместо тоа од страна на Владата е добиена согласност за 7 вакви позиции.

Министерот Тошковски ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за издавање на лични документи со цел граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ. Во тој контекст укажа и на почитување на правните процедури во однос на рокот на важност на патните исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните. Со неможноста за навремено издавање на патни исправи на граѓаните, се нарушува ова основно човеково право, истакна министерот Тошковски на средбата. Воедно министерот укажа и на тоа дека ниту една друга држава, освен матичната, не може да укине важност на патни исправи на друга држава.

Со оглед на тоа дека овој процес е во надлежност на Министерството за надворешни работи, останува отворено прашањето дали министерот за надворешни работи ќе го употреби моментот да ги извести државите во светот дека македонските патни исправи престануваат со важност на датумот предвиден согласно Преспанскиот договор.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата не му одобрува на министерот Тошковски нов началник на СВР Тетово?

Следно

Даниел Димевски останува прв човек на МОК

Latest from Blog

Напад со беспилотно летало врз нуклеарна централа на ОАЕ, избувнал пожар

Напад со беспилотно летало предизвика пожар во нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати, соопштија денес официјални лица во Абу Даби, во момент кога, се чини дека е запрен напредокот во напорите за

Барселона сепак е пресилна за Бетис

И покрај фактот што позициите на табелата во Примера го најавуваа вечерашниов дуел помеѓу Барселона и Бетис како дерби, сепак, на Ноу Камп домаќинот само ја потврди својата класа сезонава. Барселона победи

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“
Go toTop