Договорот со „Митилинеос“ за гасна централа е нов „Чебрен“, предупредуваат инженерите

February 6, 2024
2 mins read

Повик до пратеници утре да не гласаат за четири предлог закони за стратешки инвестиции во енергетиката, упати Здружение на инженери на Македонија. Енергетски експерти сметаaт дека вакви стратешки инвестиции треба да ги реализира државата со цел да обезбеди енергетска независност.

-Предlожените закони за стратешки инвестиции и за изградба на капацитети од обновливи извори ќе ја стават Македонија во подредена позиција како коинвеститор слично како со договорот за „Чебрен“, предупредуваат експертите кои во изминатиов период укажуваа на штетните последици од проектот „Чебрен“.

Во Собранието се предлог законите за реализација на стратешките проекти: „Соларна електрична централа – Пехчево“, на стратешкиот инвеститор, ХЕК „Солар“ МК ДОО Негрево, Пехчево, вреден околу 51,9 милиони евра, Стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“, на стратешкиот инвеститор, „Остро солар“ ДООЕЛ Скопје за изградба на фотоволтачна централа од 400 мегавати, вредна 270 милиони евра, инвестициски проект „Митилинеос“ за когенеративна постројка Скопје и стратешки инвестициски проект АИМ „Греен ТЕЦХ“, на стратешкиот инвеститор, АИМ „Green Tech“ ДООЕЛ Скопје со кој ќе се комбинираат соларна енергија, мотори на гас и можност зa батерии за баланс во мрежата.

-Свесни сме и сигурни дека енергетските проекти можеме и мораме да ги реализираме со сопствени сили. Тие мораат да бидат наши македонски, со цел да се зајакне енергетскиот суверенитет на Македонија, како еден од клучните фактори за нејзиниот државен суверенитет. Договорите кои се составен дел од овие четири предлог Закони се штетни по нашата економија и ќе предизвикаат финансиски колапс на Македонија. Со многу помали ризици и со многу поекономичен приод истите проекти може нашата држава самостојно да ги реализира, велат од Здружението.

Инженерите ја издвојуваат когенеративната постројка „Митилинеос“ во Скопје како проект од државата ќе претрпе голема штета, а слично ќе биде и со останатите три проекти.

Според нив, една гасна когенеративна централа со моќност од 165МW каква што е планирана да ја гради „Митилинеос“ чини 180 милиони евра, а во предлогот на закон сумата е 290 милиони евра.

-Македонија зема обврска да му даден државна помош на Митилинеос од скоро 50 милиони евра. За потребите на Митилинеос Владата зема обврска да изгради индустриска зона Енергија Скопје во кругот на Железарница Скопје на плацови што имаат површини од 115.000 м2, а чија вредност на чинење на самите плацови и инфраструктурно уредување за потребите на зоната (пристапни патишта, одводна мрежа за отпадни води, трансформатор, цевководи…., според наша проценка, изнесува околу 20 милиони евра), а кои на стратешкиот инвеститор му се изнајмуваат за симболична цена од само 10 денари/м2, при што Македонија се обврзува да врши одржување и обезбедување на индустриската зона.

Македонија, а не Митилинеос, по 2030 година ќе има обврска да плаќа околу 25 милиони евра годишно давачка за емисија на СО2. Се обврзуваме дури и ако немаме потреба, на Митилинеос да му платиме за преземање на околу 1.000 МWh електрична енергија и 275 МWh топлинска енергија, велат оттаму.

Според Здружението на инженери, Македонија годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра со тоа што цените за електричната и топлинската енергија со која Договорот не обврзува да ги купуваме од Митилинеос се од 15 отсто до 35 проценти повисоки од берзанските, потоа дека ќе плаќа 10 пати повисока маржа од нормалната за производство на електрична и топлинска енергија бидејќи, како што посочуваат, Митилинеос добива загарантирана маржа на годишно ниво од 43,7 милиони евра за електричната енергија (38 ЕУР/МWh) и 4,4 милиони евра за топлинската енергија (16,2 ЕУР/МWh), или вкупно над 48 милиони евра годишно.

Според инженерите, „Митилинеос“ ќе има чист профит од најмалку 1,2 милијарди евра за 30 години колку што трае договорот за стратешко партнерство, а по 30 години не мора да и ја врати електраната на Македонија. Предлагач на законот за „Митилинеос“ е министерот за економија Крешник Бектеши, а потписник е Артан Груби – министер за политички систем, а законот треба да се донесе по скратена постапка.

Извор: skopskoeho.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Проблемот со пасошите на владина седница

Следно

Ново признание за Македонецот: Миовски одново во тимот на колото во Шкотска (ФОТО)

Latest from Blog

Европската престолнина на културата Хемниц ги проширува своите проекти преку границата до Чешката Република

Европската престолнина на културата Хемниц во источна Германија ги проширува своите проекти преку границата до Чешката Република. Како партнер, германско-чешкиот иден фонд поддржува повеќе од 30 заеднички проекти, изјави портпаролката на фондацијата

Паѓаат ли во вода предизборните ветувања на Мицкоски за поголеми плати на работниците

Владата на премиерот Христијан Мицкоски го обвини УПОЗ дека протестите на дел од административните работници се ‘малициозни и политички мотивирани’, при тоа тој ги повика на разговор за ‘изнаоѓање на вистински решенија’.

Фетаи: Антикорупциска отвори случај за Скендер Асани, ќе истражат сомнежите за злоупотреба!

Вицепремиерот, Арбен Фетаи, соопшти дека е отворен предмет против директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, Скендер Асани, од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата,

Амбасада на САД во Косово: Затворањето на српските институции спротивно на нашите совети и тоа ја ослабува довербата

Американската амбасада во Приштина објави дека денешното затворање на српските институции во Косово од страна на Приштина директно и негативно влијае на Србите и другите заедници на Косово и може да ги

Трамп: Имаме договор

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го поздрави денеска постигнатиот договор помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и за прекин на огнот во Појасот Газа. – Имаме договор за заложниците во
Go toTop