Проблемот со пасошите на владина седница

February 6, 2024
1 min read

За шест дена од денес е крајниот рок до кога ќе важат личните документи на кои не стои името „Северна Македонија, по што потоа граѓаните нема да можат да се излезат од границите на земјата. Според најавите од МВР се очекува да има зголемување на вработени на пунктот за фотографирање во Пролет, а од понеделник истиот би требало ќе работи во две смени.

Премиерот на техничката влада пак Талат Џафери најави дека на денешната владина седница ќе има поконкретни решенија за проблемот со патните исправи.

Проблем со документи имаат и околу 25 илјади македонски граѓани кои работат или престојуваат во странство, тие во земјава ќе можат да се вратат само со патен лист. Нив ги издаваат конзуларните претставништва, каде мора да се оди лично, а издавањето чини 35 евра. Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги повика граѓаните да се јават на 24 часовната линија во МНР, од каде ќе им бидат дадени насоки. Сепак граѓаните велат дека на сајтот на оваа институција, нема никакви информации и нема кој да им ја објасни постапката. Во меѓувреме, продолжуваат гужвите и редиците пред пунктот на МВР за промена на лични документи без претходно закажување. Состојбата со метежот трае уште од отворањето на пунктот на 15 ноември. Граѓаните на земјава треба да ја направат промената на личните документи со името Република Северна Македонија задолжително до 12 февруари, обврска што произлезе од Преспанскиот договор потпишан со Грција.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Катастрофа на столетието“ – Пред една година Туркије ја потресоа два разорни земјотреса

Следно

Договорот со „Митилинеос“ за гасна централа е нов „Чебрен“, предупредуваат инженерите

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop