И во Бугарија протест на земјоделците

February 5, 2024
1 min read

Стотици бугарски земјоделци денеска протестираа во Софија бидејќи, како што наведоа, Владата не презема ништо за да ги реши нивните се поголеми проблеми, а протестите ќе продолжат и утре.

Демонстрантите го повикаа бугарскиот министер за земјоделство Кирил Ватев да поднесе оставка поради неисполнување на ветувањата за олеснување на административниот товар на земјоделците, како и неможноста на државата да ги олесни нивните високи трошоци и падот на приходите.

Според извештаите, бугарските земјоделци, како и нивните колеги во другите делови на Европа, се фрустрирани од сегашните регулативи на Европската унија, тешкотиите што произлегуваат од зголемувањето на трошоците за набавка на ѓубрива и цените на енергијата поради војната во Украина, како и се поголемиот увоз на неконкурентни земјоделски производи кои ги намалуваат цените на домашните производи.

Венцислав Варбанов, кој претседава со Асоцијацијата на земјоделски производители, рече дека „владата додава уште непотребни товари, наместо да бара некакво олеснување за земјоделците“.

– Нашите интереси не беа заштитени дури и кога не преплави евтина украинска стока, а немаме ни буџетски гаранции за загубите што ги претрпевме поради војната во таа земја, рече тој.

Во меѓувреме, Националната асоцијација на производители на жито (НАЗ), која обединува голем број производители на жито во Бугарија, најави протестни акции за утре со почеток во 10 часот со неограничено времетраење, пренесе БТА.

Таа одлука членовите на тоа здружение ја донеле по денешната седница во Владата, бидејќи подрачните ограноци на НАЗ едногласно оцениле дека предлогот на државата е незадоволителен и неприфатлив.

По повод изјавата на бугарскиот премиер Николај Денков дека се предвидува финансиска поддршка да добијат само производителите на жито кои можат да докажат загуба за 2023 година, здружението потенцираше дека бара некаков вид обесштетување за сите производители на жито.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се собираат потписи за поддршка на Таравари

Следно

Тешка сообраќајна несреќа во Италија – се судрија 20 возила, загинаа сопружници

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop