Според календарот на МПЦ, денеска е Св. апостол Тимотеј

February 4, 2024
1 min read

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јануари.

Денеска е Св. апостол Тимотеј.

Тимотеј бил роден во град Листра, Мала Азија. Таму овој дијамант го нашол апостол Павле, на своето прво патување. Подоцна Тимотеј ќе му стане постојан сопатник на апостолот и негова тврда поткрепа. Свети Тимотеј е првиот ефески епископ. Во Ефес го заврши и својот живот пострада маченички за Христа во 97 година. Во четвртиот век моштите му беа пренесени во Цариград и положени во црквата Свети Апостоли. Во средните векови крстоносците ги однесоа во Италија. За него се зборува во Делата апостолски, а во новозаветниот канон има и две посланија од апостол Павле упатени до Тимотеј.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Иван де Брито.

Бил роден во 1647 година, во Лисабон. Во младоста се одлучил за духовниот сталеж. Имал желба да работи во мисијата во Индија. Како мисионер имал многу напорен живот. Патувал пеш, се хранел оскудно, спиел малку и тоа под отворено небо. Бил изложен на многу опасности од невреме и од диви животни. Господ го следел својот слуга Иван со чудесни знаци. Иван де Брито поради проповедувањата претрпел мнигу неволи: бил камшкуван, окован во ланци, потоа фрлен на остри камења и на крајот убиен во 1694 година поради големата вера во Христос.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МСУ ЌЕ ГО ИЗЛОЖИ ДЕЛОТО „ДОБЛЕСТ ВО НУЖНОСТ“ НА БАРУКЕЛО ЗА 60-ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО

Следно

Приведени двајца млади Евреи откако навредувале и плукале во христијански свештеник во окупираниот Источен Ерусалим

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop