Факт е дека министрите многу брзаа да си ги намалат платите, но 5 месеци беа кусо време за тоа

January 26, 2024
2 mins read

Македонија (читај народот) исплати нови 1,3 милион евра овој месец за 1.260 македонски функционери, министри, пратеници, судии, градоначалници, обвинители, директори… од државниот буџет по основ на покачувањето од 78 отсто што го аминуваа уставните судии во март минатата година. А ветуваа дека тоа нема да се случи и дека ќе си ги намалат огромните плати, но ете милиони евра овие десетина месеци отидоа во функционерски џебови.

Сепак, мора да се признае дека премиерот и министрите навистина до последниот ден пред оставката сакаа да си ги намалат платите. Цело време кажуваа дека сакаат помали плати ама не стигнаа тоа да го направат, немаше доволно време. Премиерот Димитар Ковачевски неодамна на прашањето до каде е решението кое треба да го утврди посебната работна група рече дека уште го нема.

– Ги прашувам, велат дека работат, рече тогаш тој.

Ама македонските граѓани се револтирани, разочарани… од ваквото брзање на министрите.

 -Функционерите си живеат како фараони сега. Нивните плати, сигурно, не би биле големи ако платата на просечниот работник е 70.000-80.000 денари. Проблемот е во тоа што најголем број од работниците работат за мизерни 20.000 денари, ни вели Горан Димовски.

Во октомври вицепремиерот Фатмир Битиќи најавуваше дека „утре“ ќе се разгледа првична верзија на владината седница. Но, потоа се испостави дека тоа се одложило оти бил отсутен министерот за информатичко општество. Тогаш премиерот Ковачевски рече дека ќе биде „следна недела“, а по него следеа нови и нови одлагања. Министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска тогаш соопшти дека се разгледуваат две опции: да донесе посебен закон за плати во јавен сектор или измени на повеќе закони се опции за намалување на за 78 проценти зголемените функционерски плати што ќе се одберат до Нова година. Вицепремиерот Битиќи, пак, по сето ова откри дека за намалувањето ќе биде потребна и согласност од оние функционери на коишто платите треба да им се намалуваат…

-Мислам дека Владата нема и не сака да изнајде законско решение за намалување на платите на функционери, вели Лилјана Кочковска.

Во меѓувреме, не се соопштуваат ниту опциите кои се во игра околу прашањето колкави би требало да бидат фукционерските плати. За граѓаните нема дилеми дека тие треба да бидат како и македонскиот стандард и прилики.

– Платите им се многу високи, нереални за македонски услови. Не очекувам никакво законско решение за намалување на нивните плати. Тие треба да се движат како и платите на останатите во државата, пред се’, заради тоа што со ништо не заслужуваат поголеми плати од било кој вработен, ни вели Весна Здравковска.

Слично мисли и граѓанката Билјана Грозданоска Ѓоревска.

-Тие и натаму ќе си ги зголемат платите зошто гледаат само за лични интереси, не за општото добро на народот. Треба да ги вратат платите, а не да се формираат нови плати. Секој добива плата по заслуга, не гледам нешто со што ги заслужуваат нивните плати, вели ова граѓанка.

Граѓаните, очигледно, имаат решение. Прашање е само дали тоа го слушаат оние кои бараат „решение“?

Новите коефициенти лесно се кратеа, ама..

Македонските функционери досега примаа плата врз основа на пресметката со која висина на просечната плата во земјава се множеше со определени коефициенти. Тој коефициент за шефот на државата, за претседателот на Собрението и за премиерот е 4,5, а за пратениците 3,7. Тоа значи дека тие сега добиваат месечни плати од 130.000 до 160.000 денари, односно, околу четири-пет просечни македонски плати. Прашањето е едноставно: зошто тие коефициенти не се намалат за да се реши проблемот?

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гир: Политичките партии да понудат јасен избор на електоратот, да се спречи поларизација и дезинформации

Следно

ВИДЕО: Жестока реакција на Ѓоковиќ кон Иванишевиќ и тимот: Колку сте лоши… Ужас, ужас!

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop