Гир: Политичките партии да понудат јасен избор на електоратот, да се спречи поларизација и дезинформации

January 26, 2024
1 min read

Наративот е да имаме добри демократски избори во Северна Македонија. Минатото изборно досие е многу успешно и се надеваме дека различните политички партии и различните кандидати ќе понудат јасен избор на електоратот. Апсолутно треба да се спречи таа поларизација и дезинформации и да работиме на мирни, колаборативни изборни процеси што ќе бидат една успешна сторија, без разлика кој ќе победи на изборите.

Ова синоќа го порача евроамбасадорот Дејвид Гир на настанот организиран од Европското движење на кој беа презентирани приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ од страна на амбасадорот на Белгија во Македонија со седиште во Софија, Фредерик Мерис.

Гир истакна дека многу од приоритетите на белгиското претседавање се многу важни и во Северна Македонија, како на пример како се справуваме со зелената транзиција, владеење на правото, социјалната транзиција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По одбивањето на Трамп, Републиканскиот комитет ја повлече резолуцијата со која го прогласува за „претседателски кандидат“

Следно

Факт е дека министрите многу брзаа да си ги намалат платите, но 5 месеци беа кусо време за тоа

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop