Презентирани приоритетите на Белгиското претседателство со Советот на Европската унија во Делегацијата на Европската унија

January 25, 2024
2 mins read

На 25 јануари 2024 година на настан организиран од страна на Европското движење во Република Северна Македонија во просториите на Делегацијата на Европската унија во Скопје, беа презентирани приоритетите на Белгиското претседателство со Советот на Европската унија.

Приоритетите беа презентирани и елаборирани од стана на Н.Е Фредерик Мерис амбасадор на Кралството Белгија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Обраќања на настанот имаа и Н.Е Дејвид Гир амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Арбер Адеми претседател на Комисијата за европски прашања, Александар Николоски претседател на Националниот совет за евроинтеграции и пратеничките Санела Шкријељ, Снежана Калеска Ванчева и Гордана Сиљановска Давкова.

Амбасадорот Фредерик Мерис посочи дека Белгија е една од шесте земји основачи на Европската унија, која од 1 јануари до 30 јуни 2024 година по 13-ти пат го превзема ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ. Белгиското претседателство ќе претседава под слоганот „Да се заштити, да се зајакне, да се подготви“.

Мерис пред присутните ги образложи шесте тематски области на кои претседателството ќе работи:

–  Одбрана на владеење на правото, демократија и единство на ЕУ;

–  Зајакнување на конкуретноста на ЕУ;

–  Зелена и правична транзиција;

–  Зајакнување на социјалната и здравствената агенда;

–  Заштита на луѓето и границите како и

– Промовирање на ЕУ како глобален фактор.

На крајот од своето излагање, тој истакна дека Претседателството ќе го поддржи усвојувањето на Стратешката агенда 2024-2029 година и ќе отвори дебата и дискусија за иднината на ЕУ.

Амбасадорот Н.Е Дејвид Гир истакна дека за време на белгиското претседателство Европската унијата ја очекуваат избори за Европскиот парламент, а потоа избор на нова Европска комисија и нов претседател на Европскиот совет. Воедно, ЕУ треба да подготви  реформи и зајакнување на своите темели во иднина.

Во однос на нашата држава, тој напомена дека секое одлагање на евроитегративниот пат на Република Северна Македонија има последици по земјата и по регионот и посебно се ризикуваат досегашните достигнување на земјата во кои што меѓународната заедница инвестираше.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми истакна дека интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската унија е единствениот пат кој гарантира развој, просперитет и стабилност. Сега е моментот кога е потребно да се формираат проевропски сили, за да не се дозволи отстапување од овој курс, преземајќи ја без одлагање одговорноста се со цел да не се пропушти нашата шанса и успешно да се заврши овој витален процес за идните генерации. Треба да се има предвид дека отворањето на кластери во преговорите со ЕУ е клучна точка пред нас чија единствена задача е промени во Уставот каде ќе се додадат повеќе народи кои покрај бугарскиот народ, ќе бидат опфатени и хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот.

Во однос на реформите во сферата на правната држава, од 2017 година па до сега согласно Извештаите од Европската комисија е забележан напредок. Во тој домен, тој напомена дека реформите во областите како владењето на правото, реформата во администрацијата и борбата против корупција треба секогаш заеднички со широк политички и општествен консензус да се донесуваат. Законите во оваа сфера треба да бидат поддржани од сите значајни политички фактори, а во нивната изработка да бидат вклучени експертите и граѓанските организации, како и експерти од државите-членки на Европската унија.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски напомена дека државата е мала, а во исто време и комплексна. Поради тоа во иднина треба голема улога да се дава на политичките сили кои што не се во Владата и не се во мнозинството особено за значајни сектори.

Во однос на владеење на правото, тој предложи два добри примери кои што се индиректно поврзани со владеење на правото. Едниот е Антикорупциската комисија, а вториот е Комисијата за заштита од дискриминација. Двете комисии се бираат на начин со заеднички поделена улога и на власта и на опозицијата и граѓанското општество.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ова се четирите најзлобни хороскопски знаци

Следно

Шарл Леклер го продолжи договорот со Ферари

Latest from Blog

Ѓорѓиевски веднаш започнува акција за чистење и нормализирање на јавниот превоз

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, по примањето на уверението за избор, најави дека веднаш ќе започне со акција за чистење на градот и преземање на конкретни мерки во јавните градски претпријатија. –

Јаневска: Новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот

Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел,

ИНЖЕНЕРОТ ЃОРГИЕВ за Нова Македонија: Рудникот „Злетово“ останува двигател на локалниот развој на општина Пробиштип и во иднина

Рудникот „Злетово“ е најстариот активен рудник во Македонија и повеќе од осум децении обезбедува континуитет во локалната економија на општината Пробиштип. Геолошкиот потенцијал на ова наоѓалиште на олово – цинкова руда е

Ѓорѓиевски го презеде мандатот: „Скопје го менуваме од корен“

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го презеде уверението за функцијата, истакнувајќи дека му претстои обврска да работи одговорно и посветено во интерес на сите граѓани. – Денешното уверение

Цеца со изјава за инцидентот во Велес: „Не знаев дека не се сакаат толку многу – жал ми е ако повредив нечии чувства“

За време на настапот, една нејзина бугарска обожавателка од публиката ѝ подаде бугарско знаме, па пејачката го зеде и се покри со него. Овој гест предизвика измешани реакции. Дел од публиката беше
Go toTop