Шарл Леклер го продолжи договорот со Ферари

January 26, 2024
1 min read

Формула 1 тимот Ферари го продолжи договорот со Шарл Леклер. Возачот од Монте Карло имаше договор до завршувањето на оваа 2024 година, но италијанскиот тим реши да го задржи на подолго. Засега не е објавено до кога ќе трае соработката помеѓу Ферари и Леклер.

Последната шампионска титула на Ферари во Формула 1 шампионатот е во 2007 година кога славеше Кими Раиконен, па тимот од Маранело се надева дека Леклер конечно ќе го скрши проклетството.

Шпекулациите велат дека новиот договор на пилотот е до крајот на 2029 година. Од сегашната плата од 25 милиони евра, што ќе ја земе за 2024 година, до истекот на новиот договор истата ќе порасне до фантастични 50 милиони евра годишно.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Презентирани приоритетите на Белгиското претседателство со Советот на Европската унија во Делегацијата на Европската унија

Следно

Делови од Студеничани, Петровец и Карпош без струја

Latest from Blog

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop