Џафери на средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија О Брајан

January 22, 2024
1 min read

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О Брајан попладнево во законодавниот дом ќе одржи средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. 

О Брајан во Скопје учествува на Конференцијата за планот за раст на Западен Балкан. 

-САД секогаш стојат зад Северна Македонија и ја поддржуваат Северна Македонија. Навистина сме горди што сме сојузници и што работиме со оваа Влада која во нејзините последни денови е домаќин на оваа важна иницијатива. Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план што сме го виделе досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку ако направите одредени реформи тогаш вашите компании и вашите луѓе многу брзо ќе ги уживаат четирите слободи на ЕУ – слобода на движење и можност да работите каде сакате, слободно движење на капиталот и услугите. Тоа е суштината на заедничкиот пазар, затоа сум задоволен што сум тука со Јан Копман кој ја дизајнираше оваа програма, рече О’ Брајан претпладнево на конференцијата во Скопје. 

На крајот на неделава во земјава треба да биде изгласана преодната Влада пред изборите за пратеници на 8 мај, на чие чело треба да застане актуелниот претседател на Собранието Џафери.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саудиска Арабија: Нема нормализирање на односите со Израел без решавање на палестинското прашање

Следно

Владата ѝ наложи на Антикорупциска да вработи оџа, вели претседателката Ивановска

Latest from Blog

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос

Коњановски: Битола има со што да се гордее, Стефанија освои два медали во Торино

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Стефанија Димовска, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која од меѓународната олимпијада „IESO 2026“ во Торино, Италија, се врати со

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,
Go toTop