Претреси во Скопје, приведен дилер на дрога, ќе биде запленет имот вреден над 600.000 евра

January 14, 2024
1 min read

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спровеле криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари 2024 година за Р.К. (45) од Скопје, кој претходно бил осуден и издржал казна затвор од 15 години за продажба на дрога.

Од МВР денеска соопштија дека во текот на истрагата обезбедени се материјални докази и утврдено е дека Р.К. набавувал кокаин, хероин и марихуана и потоа ги препакувал и ги препродавал по цена од 3000 денари за пакување кокаин, од 600 до 1000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Во текот на истрагата, се посочува во соопштението, обезбедени се докази дека Р.К. продавал дрога на поголем број лица.

– На 14.01.2024 во координација со САЕ Тигар во населбата Гази Баба во Скопје извршени се претреси на три локации. При претресите се пронајдени кокаин, три дигитални ваги и др., а во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога, стои во соопштението од МВР.

По приемот на кривичната пријава, во текот на утрешниот ден, информираат од МВР, Основното јавно обвинителство Скопје ќе донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. До Основниот кривичен суд Скопје ќе биде доставен предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

– Во текот на постапката, против осомничениот ќе биде спроведена и финансиска истрага. Доколку се потврдат сомненијата дека пронајдената опрема, превозни средства и недвижниот имот се стекнати со финансиски средства остварени со продажба на наркотична дрога, Јавното обвинителство ќе поведе постапка за конфискација, во согласност со законските одредби, соопшти МВР.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најбогатите 10 отсто белгиски домаќинства поседуваат 55 проценти од богатството на Белгија

Следно

Поларни температури во Ајова, жежок изборен старт

Latest from Blog

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да
Go toTop