Најбогатите 10 отсто белгиски домаќинства поседуваат 55 проценти од богатството на Белгија

January 14, 2024
1 min read

Најбогатите 10 отсто белгиски домаќинства во 2023 година поседувале 55 проценти од вкупното богатството на земјата, покажуваат статистичките податоци на Националната банка на Белгија (БНБ).

Ваквата стапка претставува намалување во однос на 2011 година, кога 10-те проценти најбогати белгиски домаќинства поседувале 59 отсто од националното богатство.

Според БНБ, намалувањето на уделот на најбогатите во вкупното богатство е резултат на порастот на цените на недвижностите, имајќи предвид дека над половина од вкупното богатство на белгиските домаќинства или 1.596 милијарди евра отпаѓа на станбен простор.

Дополнително влијание на ваквите показатели има и тоа што процентот на домаќинства во Белгија што поседуваат сопствени домови е над просекот во Еврозоната.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали Тејлор Свифт е таен агент на Пентагон?

Следно

Претреси во Скопје, приведен дилер на дрога, ќе биде запленет имот вреден над 600.000 евра

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop