Се гради импровизирана улица помеѓу Филхармонија и музичкото училиште, професорката Џепароска алармира дека се уништува просторот

January 6, 2024
1 min read

Професорката на факултетот за музичка уметност Соња Здравкова Џепароска вчера на социјалните мрежи објави дека се уништува просторот помеѓу Филхармонија и зградата на ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje и Факултет за музичка уметност – Скопје.

Имено на тој мал и тесен простор според неа започнато е со изградба на импровизирана улица која има за цел да се исфрли отпадот од пожарот што се случи во зградата на Комерцијална банка од пред неколку месеци. Предвидено е по таа импровизирана улица да се движи тешка механизација.

Според професорката Џепароска се планира да исечат сите дрвца на тој простор, а од поминувањето на камионите многу веројатно е да се оштети и подземната инсталација. Таа се сомнева дека ова намерно се прави за време на празниците се со цел да се заврши работата побрзо.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија надмина 100, повеќе од 200 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати

Следно

Распишана потерница по Исмет Гури 

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop