Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија надмина 100, повеќе од 200 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати

January 6, 2024
1 min read

Прекините на патиштата и другите проблеми ја отежнуваат испораката на помошта

Бројот на загинати во новогодишниот земјотрес во Јапонија надмина 100, а повеќе од 200 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати, по најсмртоносниот земјотрес во земјата во последните речиси осум години.

Земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот брег на Јапонија ја уништи инфраструктурата, оставајќи 23 000 домови без струја во регионот Хокурику.

Потрагата по преживеани под срушените згради продолжува шести ден, а помош чекаат повеќе од 30 000 евакуирани.

До денеска беа потврдени уште 16 смртни случаи во градот Ваџима и градот Анамизу, со што вкупниот број на загинати се искачи на 110, објави новинската агенција Кјодо, цитирајќи ја префектурата на Ишикава и други извори.

Тоа е најголем број на загинати од земјотресите во Кумамото во 2016 година во југозападна Јапонија каде загинаа 276 луѓе. Прекините на патиштата и другите проблеми ја отежнуваат испораката на помошта.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Централната манифестација Бадникови поворки 2024 ќе започне во 11 часот на Плоштад „Македонија“

Следно

Се гради импровизирана улица помеѓу Филхармонија и музичкото училиште, професорката Џепароска алармира дека се уништува просторот

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop