Централната манифестација Бадникови поворки 2024 ќе започне во 11 часот на Плоштад „Македонија“

January 6, 2024
1 min read

– “Централната манифестација во Скопје ќе започне во 11 часот на Плоштад „Македонија“ и на едно место ќе ги собере коледарчињата од сите скопски општини кои ќе ја оформат најголемата бадникова поворка што од Камениот мост ќе чекори кон Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ на топол прием и пригодно дарување кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Се вели во објавата“, на “Бадникови поворки“

Во објавата се вели дека во рамките на манифестацијата, бесплатно ќе бидат поделени 2000 божиќни ѕвезди коишто дополнително ќе го украсат свечениот настан, а ја симболизираат Витлеемската ѕвезда што им го покажала патот на Мудреците кон местото на Раѓањето на Богомладенецот.

Планиран е и да има Божиќен концерт кој ќе биде генерална проба за божиќните каланди што се пеат на Бадник и Божиќ и традиционално ќе го предводи „Златно славејче“ во придружба на македонските поп-ѕвезди: Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст Тајм) и Пере (Нокаут). Концертот ќе биде инклузивен и подеднакво ќе им овозможи и на глувите и наглуви лица да ја почувствуваат радоста на празнувањето.

Оваа година “Бадниковите поворки“ ќе се одржат по 14-ти пат и ќе опфатат 75 градови и села во нашата земја и 5 во дијаспората.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најавената финансиска полиција која ќе влезе во М-Нав е само игра за јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија надмина 100, повеќе од 200 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop