Турските безбедносни сили неутрализираа 36 терористи изминатата недела

January 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските сили неутрализираа 36 терористи изминатата недела, меѓу кои и терористи што се кријат преку границата во Ирак и Северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Од 1 јануари 2023 година неутрализирани се вкупно 2.237 терористи, изјави претставник на Министерството за новинарите во главниот град Анкара.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и бебиња, деца и жени.

Терористите на ПКК/ЈПГ често се кријат преку границата на Туркије во Северен Ирак и Сирија, каде што планираат напади врз турските сили или локалното население.

Од 1 јануари 2023 година терористичката организација извршила 526 напади во области што потпаѓаат во границите на антитерористичките операции на Туркије, а 1.529 терористи се неутрализирани, рече официјалниот претставник.

Во врска со илегалните премини во Туркије, официјалниот претставник истакна дека благодарение на ефективните безбедносни мерки, од 1 јануари 2023 година фатени се 13.758 лица кои се обиделе илегално да ги преминат границите на Туркије.

Вкупно 209.402 лица биле спречени да ја преминат границата.

Туркије е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти што сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.

Земјата, која веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот, презема нови мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.

– Туркије задржува неутрален став за руско-украинската војна –

Турски безбедносни извори ги негираа информациите дека Туркије дозволила минување на пловни објекти со минофрлачи пратени од Велика Британија за Украина преку Истанбулскиот Теснец.

„Тврдењето дека Туркије постапила спротивно на Конвенцијата од Монтре со дозвола за минување на минофрлачи пратени од Велика Британија за Украина низ теснецот не ја одразува вистината“, истакнаа изворите.

Туркије е прва земја што ја класифицираше ситуацијата како војна и презема ефикасни мерки од почетокот на руско-украинската војна, велат изворите.

„Во согласност со Конвенцијата од Монтре, до која прецизно се придржува од 1936 година, Туркије го суспендира минувањето на завојуваните страни низ теснецот.“

„Во овој опсег, од почетокот на конфликтот не е одобрен премин на воени бродови што носат знамиња на завојуваните страни.“

„Истовремено, Туркије го задржа својот неутрален став од почетокот на војната. Ние категорично ги отфрламе тврдењата што би го поткопале нашиот неутрален став.“

Нагласувајќи ја посветеноста на мирниот соживот, дијалогот, спокојството и просперитетот на крајбрежните земји кај Црно Море, се додава: „Сметаме дека постојната безбедносна рамнотежа треба да се одржува во рамките на ‘принципот на регионална сопственост’ и статус кво поставена со Договорот од Монтре, кој досега го применувавме неутрално, правично и воздржано.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тасевски најави нови оставки во М-НАВ: Ако директорите сакаат да работат со притисоци, нека си работат сами

Следно

Газа: Во Рафа од 7 октомври пристигнаа околу еден милион раселени Палестинци

Latest from Blog

Хрватите се јасни: ДРЖАВАТА Е КОРУМПИРАНА, ПЛАТИТЕ СЕ НИСКИ И ОДИМЕ ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ

Мнозинството хрватски граѓани веруваат дека земјата оди во погрешна насока, а најмногу забелешки имаат на корупцијата, инфлацијата, ниските плати, ниските пензии и сиромаштијата, според декемвриската анкета на „Кробарометар“. Резултатите од анкетата, кои

Зеленски договори нова средба со Трамп: „Многу работи можат да се одлучат пред Нова Година“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за ставање крај на руската инвазија. „Договоривме средба на највисоко ниво, со претседателот

Од кујната на Dave’s Kitchen до вашата врата: Празнична магија со еден клик преку Wolt

Празниците се оној посебен период од годината кога храната станува повеќе од оброк, таа се претвора во спомени, емоции и моменти споделени околу трпезата. Без разлика дали ги пречекувате пријателите или се

Златници стари 1.400 години пронајдени во христијански манастир во Јудејската Пустина

Два златника и прстен од византискиот период, стари околу 1.400 години, се пронајдени на археолошкиот локалитет Хирканија, во Јудејската Пустина, околу 17 километри југоисточно од Ерусалим, на територијата на денешниот Западен Брег,
Go toTop