Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Карпош бара итна седница, велат „За пусти пари слугата на СДС Стевчо Јакимовски е подготвен на се“

January 3, 2024
1 min read

За пусти пари слугата на СДС Стевчо Јакимовски е подготвен на се, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Карпош.

 – Политичкото насилство на деспотот-градоначалник и слуга на СДС Стевче Јакимовски манифестирано на 37-та и 38-та Седница на Советот на општина Карпош во Новата година транферираше во насилство, притисок и создавање немир кај вработените во општинската администрација, училиштата и детските градинки. Манипулациите и заканите дека вработените ќе останат без плати се последниот обид на Јакимовски да изврши притисок врз советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош да го изгласаат буџетот за 2024, а со тоа да ги спаси и остави во живот ДУП-овите и урбаната мафија која го разорува Карпош, порачаа оттаму преку соопштение. 

– Но, и оваа лага многу скоро ќе биде прозрена. Има и постојат законски можности обврските кон вработените да бидат целосно, редовно и навремено исплатени, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Карпош и бараат итно свикување на Седница за донесување одлука за времено финансирање на општината, сѐ до донесувањето на буџетот за 2024та година.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наместо туристичка локација, посетителите на Дојран три дена без вода за новогодишните празници

Следно

Иран: Најмалку 73 лица загинаа во експлозиите недалеку од гробот на генералот Сулејмани

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop