Иран: Најмалку 73 лица загинаа во експлозиите недалеку од гробот на генералот Сулејмани

January 3, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА)

Најмалку 73 лица загинаа кога одекнаа повеќе експлозии во близина на гробот на генералот Касем Сулејмани во иранската провинција Керман, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.

Како што објави иранската државна телевизија, две експлозии се случиле на патот што води до гробот каде што се одржуваше комеморација по повод четвртата годишнина од атентатот на командантот на елитната единица на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани.

Причината за експлозиите останува непозната. Некои медиуми јавуваат дека тие биле предизвикани од канистри со гас.

Несреќата се случила кога десетици илјади луѓе се собрале во родниот град на Сулејмани, Керман, за да ја одбележат четвртата годишнина од неговиот атентат.

Сулејмани беше убиен на 3 јануари 2020 година во напад на американско беспилотно летало пред аеродромот во Багдад, Ирак.

Државните медиуми јавуваат дека претставници на Црвената полумесечина во Керман изјавиле дека од местото на несреќата во болница однеле најмалку 50 лица.

Иранските служби за итни случаи ги ставија во состојба на готовност сите болници и здравствени центри за да им помогнат на повредените.

Официјални лица во Техеран сè уште немаат коментар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Карпош бара итна седница, велат „За пусти пари слугата на СДС Стевчо Јакимовски е подготвен на се“

Следно

Стефковски: Првото родено бебе во Гази Баба е женско, подарок 20.000 денари од општината

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop