ЦУК: Зголемен број повици на 112, годината почна со гаснење пожар и спасување неподвижно лице

January 1, 2024
2 mins read

реклама


Вкупно 2 145 повици се регистрирани на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив „реални“ биле 42,33 отсто, а 57,67 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

реклама

-Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 56,14 оттсо, кон Итната медицинска помош 38,25 отсто, а кон пожарникарите 3,51 процент од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,11 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 55,64 отсто – вкупно 1 243, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.

Во изминато новогодишно деноноќие имало пет пожари на отворено. Во урбаните средини пожари на објекти имало најмногу во Скопско, а во гевгелиското село Миравци имало и спасувачка акција за извлекување неподвижно лице при пожар на куќа.

реклама

-Во Скопје од 11:00 до 12:25 часот, со едно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена депонија на површина од 600 m2 на стариот пат кон Арачиново во Општина Арачиново. Во период од 12:20 до 13:10 часот со две возила и пет пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа на површина од 10 m2 на бул. „Св. Наум Охридски“ бр 45 во Општина Центар. Во периодот од 21.20 до 22.00 часот гаснеле запалена електрична инсталација во куќа на ул. „3“ во село Глумово, со две возила и пет пожарникари, во Општина Сарај. Во периодот од 22.35 до 23.15 часот со едно возило и тројца пожарникари гаснеле запалени гранки во нива на површина од 100 m2 во село Бардовци во Општина Карпош. Од 22.35 до 23.05 часот гаснеле запалени кабли на бандера во село Грчец. Интервенцијата ја извршиле со едно возило и тројца пожарникари во Општина Сарај. Од 01.45 до 02.10 часот со едно возило и двајца пожарникари кога гаснеле запалена настрешница на Плоштад „Македонија“ во Општина Центар и БППЗ на Град Скопје имала уште една помала интервенција во градот. Пожарникарите од ТППЕ Прилеп од 12:45 до 13:45 часот, со двајца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Мажучиште. Во период од 16:05 до 17:15 часот, со тројца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена нискостеблеста вегетација во с.Забрчани, Општина Долнени, информира ЦУК.

Од ТППЕ Радовиш од 13:35 до 14:45 часот, со двајца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена сува трева и грмушки кај црквата во с.Ораовица. Со пожарот била зафатена површина од 1 декар. Пожарникараите од ТППЕ Гевгелија во првите петнаесетина минути од привиот ден на Новата година, од 00:14 до 02:10 часот, со две противпожарни возила и седум пожарникари, имале интервенција за гаснење пожар со спасување неподвижно лице. Конкретно, интервенирале за гаснење пожар на запалена стара куќа на два ката на ул.„Маршал Тито“ во с.Миравци. Првиот кат од куќа бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижна стара жена, која била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување. ТППЕ Берово од 14:05 до 15:15 часот, со двајца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена ниска вегетација во атар на с.Црник.

реклама

Пожарникарите од ТППЕ Куманово од 15:28 до 13:44 часот, со пет пожарникари и едно возило имале техничка интервенција на сообраќајна незгода на ул. „Бајрам Шабани“.

ТППЕ Крива Паланка во текот на изминатото деноноќие имала една помала интервенција во градот, додека пожарникарите од ТППЕ Гостивар од 15:00 до 16:00 часот, со три пожарникари и едно возило интервенирале на запалено ѓубриште покрај патот кон „Стража“.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ВИДЕО) Во немири во Берлин повредени 15 полицајци, уапсени над 300 лица

Следно

Турски МИТ фати водач на терористичката ДЕАШ во сириски Алепо кој планирал напади врз турските сили

Latest from Blog

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите

За ЕУ интеграцијата на Западен Балкан на средбите на Калас со Мицотакис и Герапетритис во Атина

Ако ја погледнеме мапата, ова е местото каде што припаѓаат. И треба да си ја завршиме домашната задача, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по

Белингам се врати во репрезентацијата на Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел ќе го врати Џуд Белигнам во националниот тим за претстојниот квалификациски прозорец. Белингам беше изоставен од составот минатиот месец, а Тухел инсистираше дека играчот
Go toTop