Турски МИТ фати водач на терористичката ДЕАШ во сириски Алепо кој планирал напади врз турските сили

January 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба (МИТ) денес фати еден од водачите на терористичката ДЕАШ во сирискиот град Алепо, Абдула ал-Џунди, кој планирал напади против турските сили во зоните на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, јавува Анадолу.

Според информациите добиени од безбедносните сили, Ал Џунди, со кодно име Хатаб Ел Мухаџир, е одговорен за планирање напади врз возила на Турските безбедносни сили во Сирија.

Терористот е фатен за време на операцијата спроведена од МИТ и локалните безбедносни сили поврзани со Сириската национална војска (СНВ) во зоната на турската антитерористичка операција „Штитот на Еуфрат“.

Терористот даде информации и за припадниците на организацијата кои вршат терористички активности.

За време на операцијата запленет е и дел од дигиталниот материјал на организацијата, со што се обелоденети плановите за акциите на ДЕАШ и прекинати активностите на организацијата.

Во 2013 година, Туркије стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.

Оттогаш, терористичката организација изврши повеќе напади во Туркије во кои загинаа над 300 луѓе, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади. Како одговор на нападите, Туркије започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи идни напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Зголемен број повици на 112, годината почна со гаснење пожар и спасување неподвижно лице

Следно

Во Газа доставени вакцини за децата, за прв пат од 7 октомври

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop