Демант од М-НАВ: Негодувањата на инженерите и инструкторите се тенденциозни и немаат основа

December 30, 2023
1 min read

реклама


М-НАВ се јави со реакција по повод изнесените информации дека еден од тројцата директори на државната компанија Контрола на летање и инженери на раководни инструкторски места си дале оставки поради несоодветни вработувања во компанијата.

Демантот на М-НАВ го пренесувме во целост:

реклама

„Согласно законот за работни односи и условите предвидени во систематизацијата се објавува оглас за инженери и техничари. Имено во систематизацијата на МНАВ за студент-инженер (приправник) пишува дека има диплома од електротехнички науки, 2 години работно искуство, лекарско уверение класа 4, познавање на англиски јазик (нивото на знаење не е наведено, што значи од А1-Б2). Интервју се спроведува доколку има двајца или повеќе кандидати кои ги исполнуваат условите за едно работно место. Во нашиот случај со инженери и техничари, имавме само по еден кандидат за сите 7 работни места. Важно е да се нагласи дека со договор овие услови се имплементирани во МНАВ пред 4 години, и за истото немаше негодување.

Примените кандидати двајца инженери и 1 техничар понатака ќе бидат на „он џоб“ тренинг за АТСЕП согласно програмата за обука која ќе трае една година. Безбедноста во ниту еден случај не е загрозена, со оглед дека истите нема да бидт вклучени во оперативно делување пред стекнување на соодветно овластување од стручните инструктори. Доколку не се стекнат со горенаведеното овластување согласно систематизицијата, истото потенцирано и во самиот оглас за вработување, ќе добијат отказ од работ.

реклама

Согласно извештајот од Комисијата за избор на пристигнати апликации со редовна документација се предложени до Управен одбор пет инженери и двајца техничари. Поради нуреден статус во Агенцијата за вработување, иако беа задоволени нашите критеруими, не беа процесирани за вработување тројца инженери и еден техничар. Примени на редовен работен однос на неопределено време се 2 инженери и 1 техничар.

И ве замолуваме, имајте во предвид дека инженерите и инструкторите кои негодуваат и праќаат допис за оставки до УО се контрадикторни со самосебеси затоа што истите се примени со редоден работен однос во МНАВ со истите законски критериуми како и најновите од вчера. Новите инженери имаат дополнителна клаузула дека може да им се откаже работниот однос, додека кај постоечките инженери тоа не им го пишуваше во огласот. Негодувањата се тенденциозни и немаат основа“, стои во соопштението.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Вучиќ: Убедлива победа, СНС оди на 130 мандати, нова влада ќе има во февруари или март

Следно

Сончево со умерена облачност, температурите до 14 степени

Latest from Blog

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи

ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања. Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори. „Првата е што шест-седум

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за
Go toTop