Ковачевски со честитка за новогодишните празници: Наша најголема вредност се луѓето, заедно направивме многу, со верба, оптимизам и мудрост ќе ги постигнеме целите пред нас

December 30, 2023
2 mins read

реклама


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните за новогодишните празници.

Во продолжение е интегралниот текст од видео обраќањето на премиерот Ковачевск.

реклама

„Драги сограѓани,

Оставаме зад нас уште една година. Година која не беше воопшто лесна.

реклама

Но сепак, треба да сме горди на постигнатото.

Во рамки на можностите направивме многу.

реклама

Во најтешката криза работевме напорно, посветено и фокусирано.

Работевме да го направиме животот подобар.

За да сите имаат повеќе. И најважно од сè, никој не беше оставен сам!

Платите и пензиите пораснаа на историски високо ниво.

Денес имаме речиси 50% покачени пензии, имаме двојно повисока минимална плата, и просечна плата која е веќе над 600 евра.

Ве уверувам, и платите, и пензиите, ќе продолжат да растат и следната година!

Со антикризните мерки, го заштитивме и помогнавме животниот стандард на семејствата и на фирмите. И пензионерите, и студентите, и учениците, и самохраните родители, и најранливите можеа да се потпрат на нас.

Имаме двојно повеќе странски инвестиции, намалена невработеност и зголемена вработеност. За првпат авансна исплати за земјоделците.

Продолживме да ја трансформираме земјата во зелен енергетски центар на Европа.

Заеднички постигнавме многу, затоа што напорно работевме. Рамноправно, еднакво и солидарно! И така и ќе продолжиме и понатаму.

Има пред нас простор да направиме и уште повеќе, да биде уште подобро, платите и пензиите да продолжат да растат, а на најранливите директно и солидарно да им помогнеме.

Затоа што тоа се вистинските и македонски и европски вредности.

И затоа во овој момент, најмногу е потребна верба, оптимизам и мудрост.

И ова го кажувам, не само како премиер, туку пред сè како граѓанин, како татко, сопруг, син, како човек кој својата иднина ја гледа тука, дома, во татковината.

Ни треба целото знаење со кое располагаме, за да ги постигнеме целите кои се пред нас.

Често велам дека нашата предност, наша најголема вредност и најсилна страна се луѓето, нашите граѓани.

Затоа што имаме капацитет, имаме знаење, имаме волја да ги направиме следните чекори. Да продолжиме и понатаму да го подобруваме животот на граѓаните. Да го направиме и она што е најважно – да ги задржиме младите дома. Да ги вратиме тие што заминале, затоа што европскиот пат на кој сме тргнати, е започнат, и не застанува. Мора да гледаме напред, мора да се движиме напред. Токму европскиот пат ќе донесе развој и подобро утре.

А сигурен сум и Ве уверувам дека ќе има подобро утре. Оптимизмот кој го споделувам со Вас, е изграден на реални основи, затоа што знам, дека сѐ што треба, заеднички ќе го направиме. Оваа држава има луѓе кои имаат и храброст, и енергија длабоко во себе, кои ќе го изодат тој пат и кои ќе остават подобра земја за своите деца, за сегашните и за идните генерации.

На крајот на овој европски пат е големата награда, членството во Европската Унија.

Пат и цел кои ќе ни овозможат врвна демократија, социјална правда, функционално владеење на правото.

Јас верувам во тоа и во тој дух, и со позитивна мисла, Вам и на Вашите семејства ви ги честитам новогодишните и Божиќните празници!

Искрено, од срце, ви посакувам добро здравје, среќа, радост и спокој.

Изразувам благодарност до сите кои во овие празнични мигови се на работните места и се грижат за нашето здравје и безбедност.

Среќна Нова година и среќен Божиќ, да сте живи и здрави!“

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потег за историјата – навивачите на Галатасарај и Фенербахче обединети ги пречекаа фудбалерите по враќањето од Саудиска Арабија

Следно

Не се бара лек после 75-та година

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop