Потег за историјата – навивачите на Галатасарај и Фенербахче обединети ги пречекаа фудбалерите по враќањето од Саудиска Арабија

December 30, 2023
1 min read

Суперкуп натпреварот помеѓу турските фудбалски гиганти требаше да се одигра на 100-годишнината од основањето на модерната турска држава во Ријад, но беа забранети обележјата со Ататурк

Фудбалските навивачи на турските гиганти Галатасарај и Фенербахче испишаа историја, откако заедно ги пречекаа фудбалерите кои во петокот вечерта требаше да го одиграат турскиот Суперкуп натпревар во Ријад, Саудиска Арабија.

Натпреварот беше откажан по скандалот што го предизвикаа претставници на саудиските власти.

Мечот требаше да се одигра на 100-годишнината од основањето на модерната турска држава, која најголемите турски клубови сакаа да ја одбележат.

Галатасарај имаше во план да настапи со дресови на кои беше испечатен познатиот цитат на таткото на современата турска држава Мустафа Кемал Ататурк „Мир дома, мир во светот“.

Фудбалерите на Фенербахче пак сакаа да излезат на теренот облечени во дресови со ликот на Ататурк, но саудиските власти го забранија сето тоа.

Според некои турски медиуми, тие не дозволиле ниту пеење на турската химна. Кога го слушнале тоа, фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче одбиле да го напуштат хотелот и да заминат.

Иако се водеа преговори со оранизаторот на натпреварот, не беше постигнат договор, па двата клуба се вратија во Истанбул.

Турција и Саудиска Арабија имаат проблематична историја на дипломатски односи. Меѓу нив има доста политички несогласувања.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дедо Мраз пристигнува на плоштадот „Македонија“

Следно

Ковачевски со честитка за новогодишните празници: Наша најголема вредност се луѓето, заедно направивме многу, со верба, оптимизам и мудрост ќе ги постигнеме целите пред нас

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам
Go toTop