Во општина Кисела Вода со овој инвестициски циклус се предвидува изградба на нова градба за ОУ Климент Охридски во Драчево и доградба на градинката 8-ми март во населба Расадник.
Во општина Гази Баба, пак се предвидува отпочнување на проектот за изградба на ново основно училиште “Крсте Мисирков“. Во Бутел и Ѓорче Петров градежните активности ќе започнат во март, и тоа за реконструкција на детска градинка во Бутел, односно изградба на детска градинка во населбата Стопански двор во Ѓ. Петров, набројуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Штип ќе се гради спортска сала „Џексон“, а во Охрид ќе се прави реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда на ООУ “ Кочо Рацин“ и ќе почне проект за изградба на училишна спортска сала во ОУ “Ванчо Николески“.
Општина Битола ќе спроведе целосна реконструкција на улица 8- ми Септември во должина од 1400м, што ќе опфаќа реконструкција на атмосферска и водоводна инсталација, улично осветлување и реконструкција на пропуст над Раштански Порој.
Општина Пехчево со изготвен проект и ревизија, во скоро време ќе отпочне со реконструкција на локалниот пат од село Чифлик до село Умлена и дополнително ќе се реализираат неколку улици.
Во Јегуновце во март месец ќе отпочне реконструкција на локалниот пат од село Туденце до село Сиричино и реконструкција на локален пат во село Сиричино.
Општина Македонски Брод во март месец ќе отпочне со реконструкција на улицата “Кирил и Методиј“ со краците. Свети Николе ќе отпочне реализација на проект за мост на реката Периш и асфалтирање на улицата на тој потег, а во Велес ќе се реконструираат спортски терени и урбана опрема.
За сите овие проекти општините ќе имаат предвидено дополнителни средства од своите буџети.
Ова е само дел од големиот број капитални инвестиции кои општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализираат во наредниот период. Токму ваквата систематска и домаќинска работа ја прави разликата помеѓу посветеното работење кое го нуди ВМРО-ДПМНЕ и криминалот и корупцијата кои се методот на работа на ДУИ и СДС.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.